Необичен рок состав од Белград, со басистка од Скопје, тоа се ноќните патници: Наталија, Марија, Мики, Анѓелко и Буџа, во потпис Ноќни путници.
И покрај тоа што има повредено стапало, вокалот на Ноќни путници, Наталија, нестрпливо чека да се качат на сцената на Мото рок фест 2024 и да се претстават пред кумановските рокери. Настапуваат често во Македонија, но во Куманово прв пат се поканети. Сè поретко се слуша рок на радио, телевизија, фестивали, малку разочарано констатира Наталија, но вакви настани ја враќаат вербата во рок културата. Авторска музика сеуште немаат, но затоа она што го свират е веќе стилски препознатливо во регионот. Петгодишните настапи по мото рок фестивали им е најдрагоценото искуство за понатаму. Драган Б. Костиќ ќе биде во близина, Наталија душо, да подаде столче доколку ти прави проблеми стапалото. Ние ќе ти ракоплескаме сигурно за секоја ваша изведба.