Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Богатство што не се купува со пари“ – Робин Шарма

Од незаменливиот Робин Шарма ни доаѓа неговата најнова книга „Богатство што не се купува со пари“, која со својата продажба ги руши сите рекорди. Стилот на Робин Шарма, добро препознатлив, се задржува и во книгава, со што овде навлегува уште подлабоко со искреноста и со неговото секојдневие, со неговото патување додека ја пишува книгата и инспирациите што ги добива – не пропуштајќи да ни пренесе по некоја „лекција“.

Ќе ставам во наводници, бидејќи токму по тоа неговите книги за мотивација и самопомош се издвојуваат меѓу најприфатените. Бидејќи, низ секојдневните примери, враќајќи нè назад кон она што денес веќе ни изгледа заборавено – тој извлекува поука, не става со АХА моменти скоро на секоја страница.

И што за вас е трпеливоста? Инспириран од Милано, од огромниот дворец Дуомо и шестотини години кои им биле потребни за да ја финишираат градбата. Шестотини години за само еден проект,  Робин ќе рече: „Живееме во цивилизација во која повеќето луѓе имаат концентрација и внимание колку едно врапче. Сакате ли навистина да триумфирате на работа и да сте толку пред своите колеги што никогаш нема да можат да ве стигнат (за шестотини години)? Да? Одлично! Тогаш, станете најистрајната личност во својата област и најнеуморниот создавач во својата арена. мачете се до најминималните детали. Работете според стандардите на суперѕвездите. Не попуштајте. Никогаш не откажувајте се. И кога ќе стигнете до велемајсторсткото ниво, завршете со најситни потези со четкичката. А потоа, тоа нешто подобрете го уште повеќе. Ве предизвикувам!“

Luxury Catering Service

Книгата ќе ви открие систем што го менува животот и ќе ви помогне да го промените од корен пред да биде предоцна. Откријте како да станете сопствен создаач на добри шанси, како секојдневно да работите на себенадминување, дознајте како скриените навики на вистински богатите луѓе се лесно достапни за секој и прифатете ја чудесната идеја да „исчезнете“ една година од лицето на Светот!

Вистинското богатство е многу повеќе од брз автомобил или луксузен одмор на егзотични острови. Парите се само еден вид на богатство. Затоа, многу луѓе и покрај финансиските успеси се исклучително сиромашни во нештата што се навистина важни з аживотот – среќата, здравјето и спокојството.

Книгата е достапна во кафе-книжарница Букси.

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.