Почетна Вести „Психосвет“ и ООУ „Толи Зордумис“ – со заеднички сили во современи работилници

„Психосвет“ и ООУ „Толи Зордумис“ – со заеднички сили во современи работилници

Литературно-креативна работилница во ООУ „Толи Зордумис“

По повод Патрониот празник, во соработка со Здружението ПСИХОСВЕТ-Куманово се одржа обука за нова техника во работата со поезија.

Некој мудрец рекол дека „приказните се раскажуваат и песните се пеат, за децата да се заспијат, а возрасните да ‘се разбудат’.“ Основна потреба на човекот е да раскажува приказни, за себе, за секојдневниот живот, за другите. Некој раскажува на „долго и широко“, друг преку три стиха хаику-поезија. И во двата случаи може да се каже многу. Наставниците по македонски и албански јазик имаат должност да ги научат децата на креативен начин да се изразуваат. Поезијата се доживува на многу апстрактен начин или пак во строго дефинирана форма. Затоа, активот по македонски и албански јазик во соработка со Здружението ПСИХОСВЕТ-Куманово ја реализираше обукава за да се раздвижи креативната енергија и кај учениците и наставниците.

На обуката присуствуваа скоро сите основни училишта од градот, ученици и нивни професори по македонски и албански јазик. Обуката ја држеше г-ѓа Драгица Стаменковиќ, претседател на ПСИХОСВЕТ-Куманово. Учениците и наставниците се обучија за техниката за творење „фрактална и блекаут“ поезија. По теоретскиот дел, следуваше работилница на која учесниците практично го применија новото знаење. Изработките се изложија во холот на училиштето.

Благодарност за присуството на претставниците на Сектор за образование при Општина Куманово, на советниците од БРО ПЕ Куманово, на директорката и вработените од Градската библиотека „Тане Георгиевски“ и на сите ученици и наставници од основните училишта од градот.

Luxury Catering Service

Р.П.