Искрено, очекувам крајно интересно и неизвесно Европско Првенство. Од моја гледна точка, не гледам ниту еден изразен фаворит затоа што според имињата и моменталната форма на фудбалерите подеднакви ми се неколку репрезентации.
Типувам дека до тронот ќе дојде Германија или Португалија. Германија не само што е домаќин, туку враќањето на Крос во националниот тим донесе сосема нова димензија во фудбалската филозофија на еден од најталентираните тренери на денешницата – Јулијан Нагелсман и како само тоа делче да фалеше во мозаикот на популарниот ЕЛФ. Португалија има некоја симбиоза и играчи кои имаат фантастични сезони зад себе и со Роналдо како ведета на националниот тим сè е можно, од сенка некако да се уфрлат случајно ако коцките им се наместат како годината кога станаа европски шампиони и тоа на тлото на фаворизираната Франција.
Отсекогаш сум навивал за најизвиканите и некако „пренапумпани“, како и секогаш кога зборуваме за фаворитската улога – Англија. Имаа сериозна генерација на квалитетни фудбалери, но најслабата карика е селекторот Герет Саудгејт.
И натаму од нивниот сојуз го толерираат и има уште кредит, иако заборави и изостави многу квалитетни фудбалери. Зад себе има три неуспешни првенства: две светски и минатото финале, кое го загуби на домашен терен, но резултатот не е во прв план досега, туку само неговиот елек што го изостави на првиот меч со Србија (хахахахаха). И за Србија навивам; кај нив балканското секогаш е во преден план и Не може кај нив без „ука бука“ и сешто може од нив да се очекува, никогаш не се здодевни, што на теренот, што надвор од него.
Можно изненадување од Шпанија – комбинација на младост и искуство, селектор кој е засега во сенка на останатите тренерски имиња, па дури и фудбалерите кои ги води се попознати од него (хахахахаха), но има добра хемија и имаа одлична увертира на стартот од првенството и убедлива победа.
Стартни единаесет не би можел да составам затоа што имаме фестивал на вонсериски фудбалери од висок калибар и светска класа на секоја позиција. Сите дојдоа буквално со најдобрите и неблагодарно е да се стави еден, а друг да се изостави.
Бошко Тасиќ