Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Кобајаши Мару“ – Анде Јанков

Вистината не е доволна сама по себе, таа е целосна само кога е споделена.

Четири години по теророт на „Одмаздникот“ низ скопските улици, животот на инспекторот Виктор Николов е пред своевиден крстопат. Фината семејна идила со сопругата и ќерката е нарушена од финансиски проблеми со кои се соочува семејството по завршување на корона-пандемијата.

Luxury Catering Service

При крајот на зимата 2024та година, скопскиот Оддел за крвни и сексуални деликти, од гостиварската полиција презема случај на убиство на познат сексуален престапник и повремен уживател на наркотични средства. Наркоманот е пронајден застрелан во неговата соба во хотел на Мавровско Езеро.

Единствената трага за полицијата е пронајдената чаура на местото на убиството. На првиот ден од месец март, текот на истрагата и личните премрежја на полицискиот инспектор доаѓаат во непосреден судир, резултирајќи во една опасна и тензична вечер, проследена со смртоносни последици…

Најновиот роман на писателот Анде Д. Јанков, четвртиот по ред од серијалот крими-романи со инспекторот Виктор Николов е пред нас!

Слушнете повеќе за неговото создавање, за инспирацијата, за патот на создавање на една книга од самиот Анде на 25.06.2024, во 19:00ч во кафе-книжарница @booksy.mk. Промотор на книгата – Марта Димитров

Ве очекуваме! Книгата е достапна во нашата книжарница Букси

Марија

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.