Си дадов за право да составам тимови од соништата за најважната споредна работа на светот, не само поради тоа што играв дваесетина години мал фудбал, или поради тоа што при крајот на шеесеттите години бев член на кумановскиот фудбалски подмладок – туку затоа што бев долги години фудбалски судија, а најмногу поради фактот што работев како спортски новинар најголем дел од животот.
Велат дека сум судел фер, а коментирал непристрасно, а како поинаку и сум можел кога спортот и особено фудбалот ми се толку важни, што одамна ја имаат надминато категоријата споредни работи.
Како дел од редакцијата на Плоштад, дозволете да ви ги претставам моите „дрим тимс“, подготвен да ги коментираме кога ќе се сретнеме во некоја ладовина.
Пријатно лето почитувани читатели на Плоштад!
Трајан Димитриевски-Мусо