Почетна МОЈАТА АЗБУКА Кумановскиот Амедео Модиљани – гостин во овонеделната „азбука“!

Кумановскиот Амедео Модиљани – гостин во овонеделната „азбука“!

Кога пишува, често користи моќни именки од женски род: сеприсутност, семоќ, севкупност. Кога слика, ги слика и нив, стимулирајќи ги своите и особено сетилата на љубителите на уметноста. Драган Колебен, едноставно е севкупен во својата сестраност, а семоќен во своето ликовно творештво.

А

Арт, уметност што ги стимулира човечките сетила

Б

Бог, нематеријален дух, сеприсутен со својата совршена добрина, семоќ и едноставност

В

Водолија, мојот хороскопски знак

Luxury Catering Service

Г

Галерија, мислам дека нема потреба од дообјаснување

Д

Дух, но не како душа на мртов човек, туку како севкупност на интелект, емоција, страв, желба и креативност

Ѓ

Ѓон со своето метафорично значење и жаргонска употреба (ѓон пијан, ѓон образ)

Е

Енергија, фундаментална величина што секој физички систем ја поседува

Ж

Живот, онаа цртичка помеѓу датумот на нашето раѓање и нашето умирање

З

Зора, будење на денот, симбол на нов почеток

Ѕ

Ѕвезда, и тоа црвена ѕвезда, тим за кој навивам

И

Иднина, време што ќе настапи и претстои со целата своја мистериозност

Ј

Јард, (хахаха), нема потреба да се објаснува

К

Колебен, моето презиме што со гордост го носам, а може и Караваѓо, мојот омилен уметник

Л

Лазања, хахаха

Љ

Љубов, можеби звучи клише, но збор што ги инспирира уметниците да творат

М

Модилијани, несфатениот уметник кој Жана Ебитерн, љубовта на неговиот живот, ја имал насликано повеќе од 25 пати. Омилен ми е еден негов цитат со кој ѝ се обратил на Жана : „Кога ќе ти ја запознам душата, тогаш ќе ти ги насликам очите“. Нека си го протолкува секој на свој начин.

Н

Недела, мора да признам, најнеомилениот ден од целата седмица

Њ

Њујорк, се сета своја урбаност

О

Оракул, храм во кој се изрекувале пророштва врз основа на знаци кои ги даваат боговите

П

Пролет, моето омилено годишно време

Р

Ребус, енигматска задача што те предизвикува да бидеш креативен и ти ја тестира логиката

С

Спорт, тука особено би го издвоил фудбалот

Т

Тест, траума од детството хахаха

Ќ

Ќумур, ќофте, ќурка…

У

Уметност (види под А, хахаха)

Ф

Форман Милош, за мене најдобриот филмски режисер што ги има режирано филмовите „Духовите на Гоја“ и „Моцарт“

Х

Хармонија, склад, единство, усогласување на делови што чинат една целина

Ц

Црква, Божји храм, телото на Христа

Ч

Чоколада, во сите свои облици и форми

Џ

Џокер, замена за било која карта, но и симбол за втора шанса

Ш

Шунд, литература – книги без литературна вредност