Поради голем интерес, вечерва по втор пат во нашиот град децата од „Мак Денс“ во мјузиклот „Авантурите на Џон Пиплфокс“! Режисерот Горан Илиќ Гиле го исполнува заветот што си го има дадено – дека од театарската уметност ќе направи персонифицирана симбиоза од хуманост и љубов.
Либретото за мјузиклот е на Ненад Витанов, според делото на Душко Радовиќ. Кореографијата е на Мерлин Мери Стојановска. Музиката ја правеше Шпенд Љатифи, а костимите Александар Рашковиќ.
Побрзајте на билетарата на „Трајко Прокопиев“!
„Авантурите на Џон Пиплфокс“ не се пропуштаат!