„Во сабота, на 6 јули 2024 година, во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, актерката Биљана Ѓуровиќ ќе ја изведе својата надалеку прочуена монодрама „Надежда Петровиќ“. Влезот ќе биде слободен, како и за настапот во Тетово, ден претходно, кој е во организација на СПОНА.“
Надежда со години молчеше во мене, таа предизвикуваше лавина од емоции кога и да се загледав до нејзините платна, посебно во оние кои таа ги осликуваше во воениот период. Би размислувала често за силата на таа жена која во одморот помеѓу две битки и негувањето на ранетите, ја земаше четката во раце и со широки потези ги отргнуваше мислите низ кои поминуваше војската, ама и портретите на војниците, трудејќи се на тој начин да ги охрабри и да им подари морал. А во една година „Политика“ го објави албумот со кованици на 25-те знаменити Срби, меѓу кои се најдоа и трите Србинки: Исидора Секулиќ, Надежда Петровиќ и Милена Павловиќ Барили. Сигурно дека меѓу Србинките има уште од оние кои го заслужуваат епитетот „знаменити“, ама да се најде меѓу првите три е уште една потврда за големината на оваа жена. Тоа беа години на одбележување на 100 години од почетокот на Првата Светска војна, а со тоа и 100 години од смртта на Надежда Петровиќ, со тоа времето се наметна за оживувањето на нејзината личност и реализацијата на оваа претстава – рече во интервјуто со Милутин Станчиќ за сајтот на Спона, актерката Ѓуровиќ.
Биљана Ѓуровиќ е родена на 24.09.1976 г. во Аранѓеловац, Србија. Има завршено Академија за уметности во Нови Сад во класа на проф. Петар Баниќевиќ. Играше на театарските сцени ширум Србија, како и на сцените на Народен театар, Зваздара театар, театар „Славија“ во Белград, во претставите Вида Огненовиќ, Душан Ковачевиќ, Јиржија Манцла…
Покрај работата во театрот и на телевизијата, во драмската програма на Радио Белград има оставено преку стотина главни и насловни улоги. За својата уметничка работа е повеќе пати и наградена. Носител е на годишните награди „Витомир Богиќ“ на радио Белград за радиофонија. За улогата на Каролина Нојбер во истоимената претстава на Небојша Ромчевиќ во режија на Милош Јагодиќ, Театар Тимочка Крајина „Зоран Радмиловиќ“ во Зајечар, четирикратно е наградена и за улогата на Надежда Петровиќ во истоимената продукција на фестивалот монодрама и пантомима во Земун, на петтиот меѓународен фестивал на нова европска театарска акција – НЕТА во Враци, Бугарија и на 12-тиот Меѓународен фестивал на монодрама „АЛБАМОНО 2015“ во Корча, Албанија ја има добиено наградата за најдобра женска улога.
На минатогодишниот театарски фестивал Златен витез во Москва, за истата улога, го добива признието Златна диплома – Златен витез. Покрај уметноста се бави и со педагогија. Доцент е на Академијата на убави уметности на Универзитетот во Белград и Универзитетот Синергија во Бијељина, каде предава Сценски говор и Култура на говорот.