Почетна МОЈАТА АЗБУКА Азбука на Николај Павловски

Азбука на Николај Павловски

Има такој некои ученици кои ги бива за све. Да им иде статистика и да га рецитирав Превера – самоуверено како Шербеџија, и да су скромни и трудољубиви и начитани и не дај Боже како такви да се ограничив на политику. Мада, пошто студира меѓународни односи на престижан HSE Универзитет у Москву, Николај Павловски ни отиде у дипломати. Мы так гордимся тобой!

А

Алфа – тоа што значи почеток.
Автопортрет што ќе го наслика моето „јас“ во оваа азбука.
Авторитет што недостасува.
Антиутопија и анархија, „архетипите“ на човештвото.
Ана Павловна Шерер и нејзиниот салон – „мостот“ помеѓу различни членови на општеството во еден светски познат роман. Кој прочитал, ќе знае за што станува збор.
Алексеј Балабанов.
Ал Пачино во филмот „Мирисот на жената“ од 1992 г.

Б

Буржоаската револуција во Франција, процес на трансформација, најзначаен за современоста во која живееме, чие што влијание од Париз се проширило низ сите делови во светот и до денес останува најважен дел од историјата.
Боемството, како стил на живот.
Братство и единство – денес звучи практично невозможно, а јас сепак верувам во тоа.
Бергман, Бертолучи.

В

Вера.
Возможности во зависност од сопствената волја.
Внатрешен свет, она што секој човек го има во себе и го носи со себе.
Викторија. Секој си има своја победа.
Виктор Иго.
Воланд од „Мајсторот и Маргарита“.

Luxury Catering Service

Г

Гоце.
Гласот на умните е ставен на нечујно.
Ганди, Махатма и Индира.
Ги де Мопасан и Гистав Флобер.
Гоген.
Гоја.

Д

Добрината е одлика на доблесни.
Домот и другарството – ретко луѓето ги имаат двете.
Достоевски.
Деполаризација за детоксикација!
Дубчек.

Ѓ

Ѓурѓовден

Е

Елизабета.
Енергијата од која произлегува ефективност ќе ве ослободи од егзистенцијална криза.
Евгенија Гинзбург.
Европа – наместо место кое претставува цивилизациски стремеж, сè почесто наликува на евтина избалканизирана сапуница.

Ж

Железна завеса, што повторно ќе нè разделува, е најнепотребното нешто за Европеецот во овој момент.
Жан Пол Сартр
„Жените не се создадени за да бидат разбрани, туку да бидат сакани.“- Дороти Паркер
Жан Моне, Жак Делор, Жорж Помпиду и Жак Ширак.

З

„Зарем не го залажувам читателот дека и покрај сè, не можам да одговорам на најважните прашања?“ – Антон Павлович Чехов
Закон.
Златен пресек.
Збигњев Бжежински – „Големата шаховска табла“ и американската „булдожер“ дипломатија.

Ѕ

Ѕидовите не се рушат со глава.
Ѕ – буква што ја прави токму нашата азбука единствена!

И

Исус – инспирација која нема крај.
Интелектот е импулс кој движи напред.
„Имаџин ол д’ пипл ливинг лајв ин пис!“ – Џон Ленон
Итаме и така забораваме дека треба да бидеме трпеливи.

Ј

Јован Крстител.
„Јано мори, Јано леле, севдалино,
моја росна, Јано мори, детелино.“
„Јебено доба, коме да вичем, ко да се буди?“ – Марија Шерифовиќ

К

Кафана – институција. Место на кое се напишани многу стихови, книги, создадени се претстави и испеани се безброј песни. За нејзе вреди да се живее.
Караваџо.
„Кажу ми да корака се бојиш и да гледаш звезде све до зоре.“
Кјубрик.
Кастро.
Костимот го прави добар краватата.

Л

„Ла вита е бела“ 1997
„Лудаците и децата секогаш ја кажуваат вистината.“ – Умберто Еко
Лазања.
Логиката се скарала со политиката.

Љ

Љубиша Георгиевски
Љубиша Ристиќ
„Љубовта е создадена од една душа што живее во две тела“, Аристотел.

М

„Мајка храброст и нејзините деца“.
Марија.
Музика – нешто без кое животот би немал смисла.
„Мудроста прифаќа дека сè има две страни“ – Карл Јунг
Модиљани.
Маркс.

Н

Никола – името на еден од најголемите светци.
Набоков.
„Никогаш не престанувајте да се смеете, дури ни кога сте тажни, бидејќи не знаете кој може да се вљуби во вашата насмевка.“ – Габриел Гарсија Маркез

Њ

Његош – „Горски венец“.
ЊЕТ!

О

„Образ ова ни е.“ – Петре М. Андреевски
„Одисеја, стаза трња или стаза орхидеја?“ – Лео Мартин
Орвел.
Ото, Роберт и Готфрид.

П

Просветители.
Пауло Коелјо и Пабло Неруда.
„Подобро ужасен крај отколку ужас без крај.“ – Даме Груев
Платонска љубов.
„Папокот на светот”

Р

Рацин.
Република во пламен.
Реализам.
Ричард Трети – В. Шекспир.
Роберт де Ниро во филмот „Казино“ од 1995.
„Рим, отворен град“ 1945, филм на Роберто Роселини.

С

Слободата и песната за неа на Јосиф Бродски.
Скорсезе.
Синергија.
Софија Вергара.

Т

„- Ти, то!“
Тарковски.
Тарантино.
Тургењев.

Ќ

Ќарот ги заслепува луѓето.

У

Улман Лив
„Утрото е попаметно од ноќта”

Ф

Фокусот треба да биде јасен.
Федерико Фелини и неговиот филм „Осум и половина“.
Франклин Рузвелт.

Х

Херман Хесе.
Хемигвеј.
Хеџирање.

Ц

Цицерон.
Цутот на младоста.

Ч

Човек, ретка категорија меѓу хомосапиенси.
Че Гевара!
Чао бела.

Џ

Џузепе, Торнаторе и Верди.
Џокер во ракавот има секој од нас.
Џинот е пуштен од лампата.
Џепарошите се пример на модерното време, за жал.

Ш

Шарл Азнавур
Шансона.
Шанса за одмор со добро шампањско.
„Шоу маст гоу он!“ – Фреди Меркјури