Почетна СТЕТОСКОП Стрес – нова пандемија, Вакцината ја има Здравковиќ Фросина

Стрес – нова пандемија, Вакцината ја има Здравковиќ Фросина

Како да ги преминеме емоционалните блокади?
За почеток, само дишите. Во стручни раце сте.
Секој четврток во „Стетоскоп“, дел од техниките за исцелување на телото и духот со вас ќе ги споделува прекрасниот човекољубец – Фросина Здравковиќ.

Што е она што сте го направиле во животот, а веќе за ништо не ви служи?
Што е она што попатно сте го собрале, а воопшто не е ваше?
Се мисли на некои уверувања, ставови, размислувања, навики, односи.
Добро е да се знае дека не е сè вдлабено како во камен.
Дека е променливо.
Оти вие имате моќ и право стекнато со раѓањето да менувате сè она што не ве подржува и одржува.

Но, работата не е во тоа да минувате сами низ тој процес, туку најпрвин да признаете и, најважното, да дозволите помош и поддршка од стручни луѓе, олеснувајќи си го патот кон посакуваната дестинација, а тоа е животот ослободен од секаков стрес и траума.

Помошта и поддршката се отелотворени во прекрасната Фросина Здравковиќ, наша сограѓанка која е образувана и во својата приватна пракса работи како TRE® инструктор, Breathwork инструктор, практичар по енергетска психологија, mindset тренер, Brainspotting практичар, Mindfulness учител и тренер. Во група или индивидуално, користејќи многу признати методи од енергетската и телесна психологија, г-ѓа Здравковиќ преку терапиите во своето студио го пропагира и личното мото „живеј свесно, а не стресно“, а нејзината мисија е  да им помага на жените да ги исцелат своите трауми и рани од минатото и да ги активираат своите потенцијали, живеејќи еден целосно исполнет живот.

Luxury Catering Service

Во рубриката „Стетоскоп“, почнувајќи од денес, четврток, 11 јули, оваа чудесна жена ќе делува терапевтски на нашите читатели, запознавајќи ги со техниките на опуштање, ослободување на акумулираниот стрес и изгонувајќи го таму кај што му е и местото – во егзил.

Вовед во стресот и TRE®

Стресот како пандемија на 21 век

Стресот е неизбежен дел од модерниот живот, но неговото долгогодишно и постојано присуство може да има сериозни последици за нашето физичко и ментално здравје. Хроничниот стрес може да доведе до проблеми како што се несоница, анксиозност, депресија, висок крвен притисок и ослабен имунолошки систем. За ефикасно да се справиме со стресот, потребни ни се алатки што ќе ни помогнат да ја ослободиме напнатоста од нашето тело и ум. Една од овие алатки е TRE®.

Што е TRE®?

TRE® (Tension & Trauma Releasing Exercises) е метод што користи едноставни вежби за да го активира природниот рефлекс на треперење на телото. Овој рефлекс му помага на телото да се ослободи од длабоко вкоренетиот стрес, напнатост и траума.

TRE®  е развиен од д-р Дејвид Берчели, а неговата цел е да го врати телото во состојба на рамнотежа и релаксација.

Продолжува…

Фросина Здравковиќ
III МУБ бр. 35 (по скали до градска пекара)