20% попуст на сите изданија од издавачот „Бата прес“. Читајте и на плажа и во секоја можна пригода! Затоа што книжарница Букси не ви само препорачува добри книги, туку ви ги нуди по неверојатни цени за вашите домашни библиотеки!
“Оние што си заминаа и оние што останаа” од Паринуш Сание
Од авторката на “Запишано во ѕвездите” ни доаѓа романот што ја раскажува приказната за семејното обединување на мајката и нејзините шест деца со нивните сопружници по триесет години разделба.
Мајка! Колку моќно звучи тоа. На овој свет веројатно нема ништо посилно од мајчинството. Дури ни оние што заминале од своето родно место, во потрага по подобар и поудобен живот, далеку од своето огниште, не можат да ја раскинат оваа врска.
Луѓето постојано се во потрага по поубава средина, може да се каже отсекогаш и од секаде. Но, во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, Исламската револуција предизвикува неверојатен егзодус и иселување на Иранците низ светот. Речиси не останува некое градско семејство, а да не е распарчено и да нема некој од тоа семејство што не заминал од татковината. Од својот дом.
Долги години живеат разделени, без можност да се видат или да бидат во некаков контакт. Разделбата е до тој степен, што дури има браќа и сестри што не се разбираат и само варијациите на правописот однивните презимиња е сè што останало од нивната некогашна цврста врска. При повторната средба, обземени од емоциите, уживаат во повторното обединување и откривање на времепловот што е зад нив, но како одминува времето, така разликите стануваат се поголеми, се појавуваат тензии, многу тајни испливуваат на површина.
Оние што заминаа имаат бледи сеќавања на убавите денови од младоста. Оние што останаа имаат замисла дека светот од другата страна е совршен. Ниту двете страни немаат вистинска претстава за животот далеку од нивните очи.
Сега, останува само едно нешто што ги врзува двете страни и може да ги натера да зборуваат, да си ги кажат маките и да се обидат да се запознаат одново – нивната мајка!
Книгата е достапна во нашата Книжарница и е со одлична цена од 20% попуст, како и сите изданија на „Бата Пресс“! Побрзајте по својот примерок!
Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.