Почетна Фудбал ЕП 2024 Мој фаворит е Англија

Мој фаворит е Англија

За Англија навивам веројатно откако сум почнал да гледам фудбал. Нормално и сосема логично е дека избраниците на Саутгејт се мои фаворити во големото финале. Финалето го заслужија и Шпанците кои реално покажаа најмногу. Сепак, финалето е само еден натпревар и ќе се памети само победникот. Кога сме кај Шпанија, тие го имаат Јамал, кој за мене е најпријатното изненадување на првенството. Најдобар играч, според мене, е Белингем, а омилен ми е Бакајо Сака. Очекувам и во финалето Сака да биде стрелец на еден гол. Што друго би кажал, освен дека е време фудбалот да се врати дома – онаку кај што припаѓа и онаму кај што се игра најквалитетната фудбалска лига. Come on England!

Бакајо Сака
Џуд Белингем

Александар Јовановски

Luxury Catering Service