Почетна Фудбал ЕП 2024 Мои фаворити се Шпанија и Аргентина

Мои фаворити се Шпанија и Аргентина

На ова европско првенство навивав за Србија, Хрватска и Италија. Со оглед дека Србија и Хрватска испаднаа уште во групната фаза, а Италија во осминафиналето, остатокот од првнеството ми помина гледајќи без навивачка страст за тоа кој ќе победи.

Шпанија уште на самиот старт против Хрватска покажа дека игра најдобар и најатрактивен фудбал и се очекуваше да игра во финале. Иако не сум фан на Шпанија, со нивната игра, сепак, ги добија моите симпатии. Затоа на сите натпревари од осминафинале па наваму навивам за Шпанија. Шпанија игра многу поатрактивен и напаѓачки фудбал од Англија.

Од Англија очекував многу повеќе. Имаат многу добри фудбалери, јаки индивидуалци, но како тим не се на ниво што сите го очекувавме. Многу важно пред финалниот натпревар е фактот дека Шпанија имаше многу потежок распоред од Англија. Не можам да кажем дека фудбалерите на Шпанија се потрошија на патот до финалето, но сепак играчите на Англија многу полесно стигнаа до финалниот натпревар.

Како и да е, во финалето ќе навивам за Шпанија, но крајниот исход е тежок за прогноза. Многу пати се случило да не победи подобриот.

Luxury Catering Service

За крај, сакам да коментирам и за финалето на „Копа Америка“. Во финале играат моите две омилени екипи: Аргентина и Колумбија. Двете екипи играат актрактивен и напаѓачки фудбал, но сепак предност има Аргентина. Тие се светски прваци и бранители на „Копа Америка“. Ова финале е последното танго на еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер на сите времиња – Лео Меси.

Лео Меси

Да уживаме вечерва. Нека победи фудбалот!

Александар Маневски