Почетна МОЈАТА АЗБУКА Азбука на Магдалена Божиновска Стојанова

Азбука на Магдалена Божиновска Стојанова

Ја викаат маестра, по татко ѝ, маестро Миодраг Божиновски – Миче. Непотребен родов суфикс од типот композитор-ка, диригент-ка, аранжер-ка. Магдалена, пред сè, е неверојатна жена, по мајка ѝ. Хорот Рацинови ја обожува, учениците поради неа ја свиркаат „all we are saying is give piece a chance“, а ние, како кумановци, може само да се гордееме.

A

Агелина, Анче моја најмала сестра.

Б

Божиновски, синоним за припадност, семејство, корени.

Luxury Catering Service

В

Велигден, најубав празник.

Г

Гравче на тавче, мх, мх, мх!

Д

Другарство

Ѓ

Ѓезве и мирис на домашно кафе.

Е

Елена, Елка, моја постара сестра.

Ж

Желба, вечно мечтаење. Суштина на животување.

З

За здравица!

Ѕ

Ѕвончиња, ѕвончиња, ѕвонат на цел глас! Среќна Новааааа!

И

Инспирација, иновација, имагинација.

Ј

Јаболко тетовско, сочно.

К

Клавир, љубов од мали нозе.

Л

Лубеница, црвена, шербетлика.

Љ

Љубав, љубав и само љубав.

М

Мајка краљица.

Н

Наука, верен сопатник.

Њ

Њујорк на листа „за посетити”.

О

Одраз во огледало на кој треба да си горд.

П

Патувања, го прават животот живописен.

Р

Радост

С

Син љубимац.

Т

Татко, именка без заменка.

Ќ

Ќере мило мое.

У

Уживање, убавиња за сви сетила.

Ф

Фреквенција на позитивни честици со кои зрачиш.

Х

Храброст да се биде, да се каже, да се направи.

Ц

Цртање, голема пасија.

Ч

Човечност, раритет у сегашно време.

Џ

Џиџи-миџи, женски чудесие.

Ш

Школа, мој втор дом.