Почетна МОЈАТА АЗБУКА Азбука на Борис Секирарски

Азбука на Борис Секирарски

Пред да отидете вечерва на едно необично предавање со популарна тема – „Вселената и светлината (елифи за сè)“, во мала сала на Центар за култура, со почеток во 19:30 ч., не се прашувајте што се тоа мелифи или елифи. Ниту зошто вселената не е лесно место за живеење. Не е лесно можеби Борис, но луѓе како Вас го прават кумановскиот микро универзум поубав. Секирарски Борис, иноватор на нашата машина за враќање во иднината со својата азбука ексклузивно на Плоштад!

А

Андромеда. Нашата соседна галаксија.

Б

Борба. Смислата на животот.

В

Ветер. Носи убаво време. Она кое вилнее. А и јачи.

Г

Грмотевица. Празнење кое носи враќање кон рамнотежа.

Luxury Catering Service

Д

Добар филм со добри луѓе.

Ѓ

Ѓуѓум. Стогодишно траење, кое го имаме дома.

Е

Елизабета.

Ж

Жаба во тегла, на работна маса.

З

Зеленило, што повеќе околу нас.

Ѕ

Ѕевгар. Сите ние во денешниот ден.

И

Истрајност. Возилото по површината на Марс.

Ј

Јаболко. Паднато на главата на Њутн.

К

Колку ли е бројот на ѕвездите на небото? Септилион е!

Л

Леворак. Јас, заедно со секој десетти човек во светот.

Љ

Љубезност. Она што ни е потребно, заедно со сестра ѝ Емпатија.

М

Мелифи, заедно со Елифи. Интелигентни уреди кои ќе спасуваат човечки животи.

Н

Нетрпеливост. Ама да ја нема.

Њ

Види погоре под Ј.

О

Опстанок. Да има доволно долго постоење. За сите да стасаме во животот.

П

Полигон. Во животот правиш и работи за кои мислиш дека мораш да ги правиш.

Р

Радост. Оди заедно со гордоста заради успехот и добрината на оние кои доаѓаат по тебе.

С

Снег. Ниту една снегулка не е иста со некоја друга, а сите се снег.

Т

Топлотен бран. Што сè не сме поминале, та и ова?

Ќ

Ќерамиди. Оние турски од покривот, видливи од прозорецот на моето детство.

У

Урош. Нишани. И добро е ако погодува.

Ф

Фабрики. Имаше едно време кога навистина беа на работниците.

Х

Хопла. И тоа на два ката.

Ц

Цвеќе. Ама во градина, не во вазна.

Ч

Човек. Ама да е човек.

Џ

Џабе. Работи, ама не седи.

Ш

Шепотење. Шушкаво, во перници.