Друже бивш директоре,
Можам да ја разберам твојата нервоза. Заминуваш од атрактивна позиција, враќајќи се на твоето старо работно место, од кое и не замина со забележителен успех.
Нема веќе рефлектори, интервјуа, насловни страници, нема веќе внимание.
Ништо не бидна ниту од заминувањето во Софија, во Македонскиот културен центар.
Едноставно, за тебе, заврши едно убаво поглавје од животот.
Но, токму пред „театралното“ заминување, фрчат фејсбук статуси.
Како требало да биде, како е исправно, како работниците се обесправени…за да кулминира со понудата за гратис билети на пожарникарите за фестивалот „Денови на комедија“, кога беснеат огнови во „нашата држава“. Брилијантна идеја, за која ВРЕДИ дури и да се размисли!
Само, има неколку потешкотии за да се реализира.
Најпрвин, нашата држава требаЛО да прави договори за работа со кои ќе бидат регулирани правата на пожарникарите, оти тие добро знаат кои им се обврските – да гасат кај гори. Високи месечни надомести, одлична програма за осигурување, неопходна опрема и механизација. Не нови униформи пред избори. Не нови вентили за црева. Обуки, тренинзи за одржување кондиција, да бидат како специјалци подготвени за акција во секое време. ТребаЛО да им се збогатува и библиотечниот фонд, додека се одмараат на дежурство да имаат и судоку за решавање и комфорни простории. И 14-та плата ако треба за луѓето кои спасуваат човечки животи и имоти.
ТребаЛО и секогаш ќе треба, не само кога ветрови дуваат за да го разгорат огнот.
Не со рецитација на социјални мрежи и понуда што дури е и навредлива. Билети за комедија. Тие не мора да го чекаат октомври, веќе ти се смеат. Само, изгорени – што од огнената стихија, што од ветувања за подобар живот од таквите како тебе – немаат време, ни снага да ти кажат јавно и сочно кумановски: да те ебев карте друже бивши директоре, и тој гратис!
М.С.