Почетна МОЈАТА АЗБУКА Азбука на Кети Димковска

Азбука на Кети Димковска

Не само школувана, туку и образувана; не само убава, туку и грациозна, особено кога зборува на италијански. Магистер по наука за јазик, советник за настава по француски јазик во Биро за развој на образование. Македонка и најуспешна кумановска франкофонка – Кети Димковска, voici l’alphabet!

 

 

Luxury Catering Service

А

„А“ како почеток, без кој нема приказна, добра или лоша, сеедно.

Б

Бебе и центарот на светот. И мирисот што се памети.

В

Вистина, како шило боде.

Г

Големина, онаа човечката.

Д

Дигитализација, таа веќе не е опција, туку нужност.

Ѓ

Ѓерѓеф и прекрасни ракотворби од далечно, минато време.

Е

Емпатија, во колкава мера ја поседуваме?

Ж

Желба, исполнета, неисполнета, скриена…

З

Зенит, мојот, твојот, … важно е да сме реални кога целиме кон него.

Ѕ

Ѕвонче, училишно. Радува или напнува, зависи од моментот кога се огласува.

И

Идеал… ајде да го вратиме поимот во нашиот образовен процес.

Ј

Јаболко и златниот делишес, мојата омилена сорта.

К

Кирилица, наша а светска. И Светите Кирил и Методиј.

Л

Лето, и летен распуст, и сонце, и радост.

Љ

Љубезност, но само ако е искрена.

М

Македонија, наша татковина, дедовина, наша заедничка емоција.

Н

Насмевка, онаа вистинската алтан вреди. Лажната лесно се препознава.

Њ

Његош, задолжителна лектира од моите училишни денови, преубава, моќна поезија.

О

Образование, и воспитание, и „чист образ“.

П

Пинг-понг, омилениот спорт од мојата младост.

Р

Роза, бела, невина.

С

Септември, месецот кога го славам мојот роденден.

Т

Талент, поклон кон луѓето кои поседуваат каков и да е талент.

Ќ

Ќар, ако некогаш и изостане, барем зијан да немаме.

У

Убавина, таа е насекаде околу нас и таа е релативна. Онаа внатре е апсолутна.

Ф

Франкофонијата и францускиот јазик, тие го обележаа моето професионално битисување.

Х

Хулахоп, вртевме како деца. Забавна и истовремено корисна игра.

Ц

Цивилизација, стара, нова, не секогаш има врска со цивилизираноста.

Ч

Чаре, има ли? Најчесто „да“.

Џ

Џилит, уште една игра од моите детски дни.

Ш

Што е АЗБУКА?