Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Сакај ме повеќе од сѐ на светот“ – Мира Фурлан

Зима е, 1991 година, една од најстудените досега регистрирани во Њујорк. Во својата келнерска униформа, излегувам од кафулето во кое работам – Кафе Монако – со странски весник во рацете….

Смрзнувајќи се во блузата со длабоко деколте (задолжителна униформа на моето работно место), стојам на аголот на Амстердам и Бродвеј и ја отворам главната статија со наднаслов: „Трагичната судбина на големата хрватска актерка“. Потоа погледот ми се спушта на насловот: „Тешкиот живот на Лесната жена“.

Luxury Catering Service

Која би можела да биде, се прашувам. Сигурно не јас. Како би можела да бидам јас? Се обидувам да се сетам на моето разнишано чувство за идентитет. Зар не бев јас „реномирана театарска актерка и популарна филмска ѕвезда, со истакнати театарски и филмски награди.“

Животот на Мира Фурлан, најголемата филмска и театарска дива на поранешните југословенски простори, е повеќе од живот, преполн возбуда, величествени успеси, падови, љубов и предавства. Во автобиографската книга која ја завршува пред својата смрт, Мира моќно раскажува за својот живот и животот на своите најблиски. Без задршка не воведува во својот свет, во својата интимна драма и размислувања.

„Сакај ме повеќе од сѐ на светот“ го оживува времето што е изгубено во војната, генерации и поединци што верувале во подобар и посреќен свет и за кои, ако биле наднационалости како авторката, почетокот на војната значел дека веќе нема место за нив во новите држави.

Книгата е достапна во нашата кафе-книжарница Букси.

Марија

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.