На 27.8.2024 во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ се одржа литературно – уметничка работилница со назив „Блекаут и фрактална поезија“.
Истата беше организирана од Книжевниот клуб на Куманово, под модераторство на Драгица Стаменковиќ, психотерапевт, практичар по Експресивна и Арт терапија и Фрактален цртеж.
Оваа работилница претставуваше поинакво искуство за нашата публика. Освен теорија и одлична презентација, посетителите уживаа во креативен – искуствен дел во кој што пишуваа и создаваа поезија.
Авангарда, дадаизам, блекаут поезија и фрактален цртеж беа главните теми на излагањето. Драгица Стаменковиќ ја претстави својата авторска техника за креирање поезија која претставува комбинација од фракталниот цртеж и блекаут поезија или поезија со бришење.
Р.П.