Жулиен Асанж и Павел Дуров – родени во различни земји и како резултат на тоа со стекнати сосема различни идеолошки ставови за слобода. Па, како тогаш ги обединила истата гледна точка за слобода на говор? И како е можно земјите што тврдат дека се борат за „слобода и слободарство“ да се токму оние што ги затвораат и осудуваат?
Велиме, односно се преправавме со децении дека Западот е супериорен во секоја смисла. Но, Западот ја „брани“ демократијата со тоа што ја уништува истата во речиси секоја земја која не припаѓа на западната хемисфера, со цел да се збогати. Дали има други држави што го прават ова? Несомнено! Само што тие не се затскриваат зад превезот на демократијата додека ве советуваат дека кока-кола е најдобриот пијалак.
Со апсењето на Асанж и Дуров, Западот се покажа како нетолерантен за сè, особено милосрдност. Накратко, Западот се поништи самиот себеси. Овие двајца му дадоа глас на народот и поради тоа што западните сили не можат да ги додржат своите аргументи против тој глас, тие мора да го задушат. За жал, етерот не може да се контролира. Пуштен е, на слобода е и прави хаос за злобниците кои не можат да го спречат развојот на наративот. Овие двајца луѓе беа уапсени токму на тло на кое со години се пропагира слободата по секоја цена!
Со овие два случаи, Западот само покажува колку му е важно вашето мислење да биде усогласено со нивното. Не постои случај во историјата каде групи кои мислат и делуваат на ваков начин се прогласени за човечко просветлување. Напротив, ова е најголемиот регрес направен врз човештвото во хумана смисла.
Авторот (познат на редакцијата) е роден во Шкотска, живеел во САД, се пензионирал на Балканот.