Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување“ – Бријана Вист

Бријана Вист слободно можеме да ја прогласиме за една од највлијателните советници за оваа година.

По книгата „Планината си ти“, која достигна огромен успех, пред нас е книгата која е одличен водич за саморефлексија.

Luxury Catering Service

Она што ја разликува од сите други книги за самопомош, е всушност она што таа не ги нафрла само лекциите, туку влегува подлабоко во внатрешноста на она што треба да се обработи и да излезе на површина.

Кои се прашањата кои треба да си ги поставите кога не знаете што е следно во вашиот живот?

Што кога се наоѓате пред крсосница?

Која одлука е правилна и како да се усогласиме со неа?

Еве 8 прашања од книгата кои се одлични за размислување:

1. Кога би имале живот каков што мислите дека посакувате, како би ви изгледал утрешниот ден?

2. Кога не би постоеле друштвените мрежи, што би правеле поинаку?

3. Кога никој не би дознал што ќе правите со остатокот од својот живот, што би правеле?

4. Да можеет да бирате пет нешта што ви се најмногу важни, што би избрале?

5. Кон што во животот чувствувате суптилна, необјаснива наклонетост?

6. Кога би знаеле дека никој нема да ви суди, што би правеле со вашите денови?

7. Со што во моментов најмногу се мачите?

8. Кога до крајот на животот би морале да живеете како што ќе живеете утре, што би правеле утре?

Дозволете си себеси да бидете посреќни одошто мислите дека заслужувате!

Морате да престанете да живеете за тоа како ќе ве запомнат другите.

Престанете да живеете така што ќе си ја кажувате приказната за која мислите дека другите со задоволство ќе ја читаат.

Живејте ваша приказна! Единствената промена која треба да се случи е онаа во вас!

 

Марија

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.