„Егото е непријател“ – Рајан Холидеј
За секој успех што сте го постигнале – егото е непријател! Егото е гласот што ве тера да се споредувате со другите. Егото е она кое ве тера да мислите дека сте подобри отколку што навистина сте.
Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешеч живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас, а тоа е нашето его.
Во книгата на Рајан Холидеј ќе најдете безброј живи примери од познати и успешни луѓе, кои низ својот животен пат се соочиле со подеми и падови, со егото на нивна или пак на спротиванта страна – таму каде што ги довело дури до самодеструкција.
Но, егото е она кое може многу да ни помогне – доколку успееме да го ставиме на наша страна. Како што вели Холидеј, зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга – ќе научите како помалку да губите енергија на приказната што ја раскажувате за себе – и да бидете слободни да го постигнете она што го имате зацртано.
Егото е непријател – на почетокот на нашата кариера не спречува во учењето и градењето таленти. Во фазата на успехот – може да не направи слепи за споствените недостатоци и да ни создаде проблеми во иднината. Во фазата на неуспехот – го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото не кочи во секоја фаза – доколку му дозволиме.
Книгата, како и друите познати дела од авторот, можете д аги најдете во нашата кафе-книжарница Букси.
Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.