Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Не почна од тебе“ од Марк Волин

Сè додека остануваме фатени во мрежата на семејните односи – нашите врски, нашето здравје, нашите односи, нашиот успех и самата појава пред светот – ќе страдаат.

Меѓутоа, кога ќе научиме како да ги одвиткуваме невидливите нишки од фамилијарното минато, можеме да го видиме нивното влијание врз себе. Книгата „Не почна од тебе“ стана апсолутен хит во изминатиов период, како меѓу „обичните читатели“, така и кај познатите инфлуенсери, јавни личности и психолози.

Luxury Catering Service

Темата за трансгенерациската траума стана нешто многу актуелно и нешто многу интересно во моментот кога започнавме да наоѓаме одговори на многу прашања.

Без разлика дали се работи за здравјето, за некои чудни фобии и стравови, за партнерските односи или за нашата способност за врзување – сето стана многу пологично во оној момент кога откривме некоја скриена случка од минатото на нашите родители, баби и дедовци, и дури подалеку, нашите прародители.

Марк Волин осмислува пионерски пристап во идентификувањето и отстранувањето на тие наследни фамилијарни обрасци и со тоа книгата постана пристапен и прагматичен водич за методот што на илјадници луѓе им помогна да завладеат со сопствениот живот.

Најновите истражувања потврдуваат дека трауматските искуства се пренесуваат на нашите идни поколенија и дека тоа емоционално наследство, скриено во сè – од експресијата на гените до секојдневниот јазик – има многу поголема и поважна улога во нашето здравје, отколку што досега се знаело.

Дали можеби сте го осудувале вашиот родител, сте го отфрлиле, сте ја прекинале комуникацијата? Тогаш, тоа може да биде главната причина за чувството на празнина, незадоволство и неисполнетост на вашиот живот!

Многу луѓе со години трчаат низ ист лавиринт, како стаорци, обвинувајќи ги своите родители за некои случувања. Наместо да се ослободиме од приказната која се крие во длабочината, многумина избираат да живеат во мрак и горчина. Затоа, понекогаш најважно е да погледнеме подлабоко, подалеку кон своите корени и да го запалиме лулето на мирот.

Како со нив, така и со себе и својот живот.

 

Марија

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.