Во сабота, на 28 септември, во многу пријатен амбиент на дворот на компанијата „Лукс ТД кетеринг“, во населба Доброшане, стотици гости присуствуваа на необична забава на која се служеше вкусот на иднината. Иднина во која отсега ќе имате повеќе време за насмевки со вашите блиски и конечно ќе бидете ослободени од бремето на обврзаноста да мора да сте стручњаци за сè во животот.
Гастрономското патување на сопствениците, Дарко Николовски и Тони Краљевски, започнало во оној момент кога зачекориле во воената зона на сопствените семејства, а таму сите знаеме дека се водат најтешките битки. Дневното мени било составено од арсенал на оружје од марките – не јадам брокула и карфиол, печурки во пица за едно дете може, за другото никако, кивито е кисело, а јаболките се добри само во лења пита. Но, нивните семејни војници воедно биле и најдобрите критичари. Поставувале високи стандарди за кулинарство и за бојното поле – трпезата – на која постепено почнале да го усвојуваат кодексот за примирје.
Настанот во саботата, во „Лукс ТД кетеринг“, не беше обична коктел забава и главната тема не беше храната, туку градењето на искуства – оние што траат долго откако ќе се исчисти и последната чинија. Храната со потпис на Лукс ТД кетеринг не само што ја задоволува гладта, туку гради врски, инспирира разговори. Во салата за состаноци, на семејна прослава или под ѕвездено небо на свадба – се уверивме дека кетерингот не е само еднонаменски оброк за веселба, туку е создавање на моментот. Тој момент беше извонредно надополнет со нотите на вино, за кое допрва ќе се слуша кај нас – „Томино вино“, https://www.instagram.com/tominowine?igsh=dWZhMG0wb2tleDR2
И пријателите од „Декорација со балони – К & К Decorations I Kumanovo“ придонесоа многу за филмска атмосфера.
Масите беа наместени со префинет вкус, аромите покануваа, музиката внимателно изберена (Андреј Наунов и Бојан Маротов со одличен репертоар), осветлувањето и озвучување нестварно добри, благодарение на https://www.facebook.com/profile.php?id=100063477346046&mibextid=ZbWKwL и веќе по првиот залак на гостите се забележуваше дека се работи за чисто совршенство. Лесно беше да се замисли како би изгледал некој деловен ручек или вечера, полнолетство или годишнината од бракот. Тоа е она што го создава „Лукс ТД кетеринг“ – моменти прилагодени за сите прилики.
Сфативме дека идејата за нивното работење не им била само да подготвуваат и послужуваат храна до перфекција. Тие сакаат да се грижат за вашиот успех. Затоа што во бизнисот, исто како и во готвењето – ако не можете да ја поднесете топлината на шпоретот, острилото на ножот или миризбата на зачини во косата – тогаш подобро да ангажирате некој кој може, а тоа дефинитивно е „Лукс ТД кетеринг“.
Вистината е дека во бизнисот, исто како и во животот, успехот се гради врз деталите. Како ги пречекувате вашите клиенти, како ги храните работниците во фабриката за да бидат попродуктивни, како ги прославувате вашите најважни датуми, како ги зближувате луѓето – Лукс ТД кетеринг“ го облагородува вашето искуство, за да можете да се фокусирате на она што е навистина важно: вашите гости, вашата порака, вашиот успех.
Ви благодариме што постоите „Лукс ТД кетеринг“!