Почетна Спорт Куде су паре за други спортови, прашуе Црни

Куде су паре за други спортови, прашуе Црни

Информациите дека КК Куманово ќе добие околу 230.000 евра државни (народни) пари, додека за останатите спортски дисциплини во моментов не се ни размислува, беа причината да побараме изјава од Миодраг Јовановски Црни, докажано име во кумановскиот спорт. Тој го повтори својот став дека никој не треба да има привилегиран статус при распределба на паричните средства и побара повторно да ја објавиме неговата изјава за иднината на кумановскиот спорт, дадена за ПЛОШТАД на 15 февруари оваа година. Вели дека нема што да додаде и одземе, повторувајќи дека само така кумановскиот спорт може да има иднина.

Изјавата ја пренесуваме интегрално:

ИДНИНАТА НА СПОРТОТ ВО КУМАНОВО И МАКЕДОНИЈА

Luxury Catering Service

„Политиката и спортот не треба да одат заедно. Спортот мора да биде оставен на спортистите. За наша среќа, имаме луѓе кои се докажале во својата кариера. Потребно е да се направи стратегија за наредната деценија. Во една прилика му предложив на актуелниот градоначалник, Димитриевски, во Куманово да се формира „Спортско друштво Куманово“, со цел попаметно да се  распоредуваат средствата за клубовите спрема рангот на натпреварувањето. После тоа, докажаните имиња во фудбалот да се грижат за фудбалот во Куманово, ракометарите за ракометот, шахистите за шахот и така натаму. Без политика, без партиски влијанија и притисоци. Да ги вратиме младите на спортските терени, кумановците на трибините, да ги натераме да купуваат карти. Да го заживееме спортот како многу важен сегмент од нашето живеење. Не треба многу. Само волја да се успее, а ние спортистите сме познати како упорни луѓе“.

Црни можеби флертува со локалните власти кога организира „Соколанска ноќ за Прочка“, но оваа негова изјава повторно го актуелизира горчливото прашање „куде су паре?“ кога станува збор за спортот и вложувањето во него, лобирањето на кумановските политичари во сите спортски дисциплини, а не само каде што имаат профит, да не речеме личен, ама веќе рековме да ни простите.

Р.П.