„Сервирај за победа“ – Новак Ѓоковиќ
Она што може да се извлече како моќна порака од книгата на Новак е – „Не мора да бидете суперѕвезда за да се чувствувате и да изгледате одлично!“
Тенискиот рекет број еден, во 2011та година ја остварува својата најдобра натпреварувачка сезона во вкупната историја на тенисот. За само една година освојува десет турнири, од кои 3 титули Гренд слем и меѓу другото, низа од 43 победи без ниту еден пораз. А, само две години претходно, овој мега-шампион едвај успеваше да заврши турнир. Многумина од нас го знаат и следат неговиот раст и развој, но уште поголема е бројката која за Новак слушна од моментот кога почнаа да се нижат успесите, па сигурно прашањето кое сега може да се постави е – дали е можно ова?
Како играчот кого дотогаш го мачеа болки, тешкотии со дишењето и повреди на теренот, одеднаш станува тенисер број 1 во светот? Тајната за целата трансформација лежи во промена на начинот на исхрана! Низ целата книга, Новак зборува за својот живот, за сите подеми и падови и сето она што го следело низ годините на растење во Србија, земја разурната од војна. Раскажува за неговите почетоци и како се пробивал во светот на тенисот. И исто така, раскажува и го открива својот начин на исхрана што во целост го преобразил и го кренал на самиот врв. Новак направил четиринаесетдневен план на исхрана што му помогнал да го трансформира телото и целиот живот, а сега тој план го дели со нас во книгата.
И да, не мора да бидете суперѕвезда за да живеете и се чувствувате подобро. Со книгата „Сервирај за победа“, ве делат само две недели од вашето ново, поподготвено, посилно и поздраво јас.
Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.