Вчера вечер, во кафе книжарница „Букси“, се одржа промоција на книгата „(Пре)Врски“ од авторката Слаѓана Васовиќ. Модератор на настанот беше психотерапевтот Драгица Стаменковиќ. Станува збор за дело кое обработува популарна, но и многу провокативна тема – нарцизам и врски со нарциси. Васовиќ пишува: “Нарцизмот може да биде нормализиран, но не е нормален. Секаде каде што ќе забележите фаворизирање на изгледот над суштината, конкуренцијата над соработката, доминацијата над емпатијата, мириса на негово институционализирање заради зацврстување на моќта“.
„Букси“ продолжува да организира интересни настани, така што и оваа промоција беше поразлична, во вид на дијалог и отворен разговор со публиката.