За МТФ „Денови на комедија 2024“, Јаниќијевиќ фрли ракавица во лицето на општествените норми, поставувајќи ја претставата „Ноќ спроти Водици“, односно „Како што сакате“, од безвременската драма на Шекспир, „As you like it“. Спојот со модерната стенд-ап комедија на маестралната кумановска екипа ја нагласи креативната визија на претставата и придодаде на длабочината и новата важност на класиката.
Срѓан Јаниќијевиќ, македонско-српски театарски режисер, е познат по својот динамичен, експериментален и многу разновиден режисерски стил. Тој не се ограничува на еден специфичен метод, туку на различни пристапи преку кои ја искажува својата уметничка брилијантност.Неговите дела се движат од надреалното, како што е презентирањето видео уметност на актерите во неговата продукција на „Дракула: Филозофско порно“, до поконвенционални пристапи, како што е обемната продукциска работа за „Шехерезада: Црна комедија во 1001 минута“. Неговиот фокус е на емотивната искреност на сцената што е и клучен фактор за неговиот успех како режисер.
За МТФ „Денови на комедија 2024“, Јаниќијевиќ фрли ракавица во лицето на општествените норми, поставувајќи ја претставата „Ноќ спроти Водици“, односно „Како што сакате“, од безвременската драма на Шекспир, „As you like it“. Спојот со модерната стенд-ап комедија на маестралната кумановска екипа ја нагласи креативната визија на претставата и придодаде на длабочината и новата важност на класиката. Актерите: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Александра Пешевска, Анастасија Величковиќ, Давид Илиќ и Никица Јанковски, хуморот го „претопија“ во остар социо-коментар на сметка на кумановци и на тој начин ја покажаа сета своја вештина, умешност и храброст. Во општество кое често бега од табу теми, оваа изведба смело ја отвора вратата за здрав дијалог. Но, ништо чудно, бидејќи театар кој „живее и дише како рокенрол бенд“ го одрази верувањето на Јаниќијевиќ дека ако ансамблот е квалитетен, тогаш и вонвременските Шекспирови прашања за родовите улоги може да се сместат на комичен начин во поширокиот општествен контекст. Токму тука е можеби и најголемата грижа што сакаме да ја споделиме со нашите читатели: колку оваа претстава е „одржлива“ надвор од Куманово, кога, да речеме, би била повикана на некое гостување оти медот од Степанце, кумановскиот суџук, „Цветот на вагината“ (нас. „Перо Чичо“) и други локални локации и анегдоти, би биле премногу апстрактни за некумановска публика, барем што се однесува до хумореската што ја изведе кумановскиот театар.
Претставата „Како што сакате“ ја изнесе на виделина онаа нелагодност што понекогаш се чувствува во салата, особено кога многу умно предизвикува да се соочиме со некои вкоренети идеи што ги имаме за жената, мажот, хомофобијата, опседнатоста со интернет и неговата злоупотреба. Значи, успешно беше сигнализирана тензијата без директно да се „обвини“ публикумот за нивните стереотипи. Ако требаше да се предизвика на мисла и разговор преку духовитост и покана за саморефлексија – тогаш и се успеа во тоа. Нека се игра уште многу години и нека е честито на сите наградени актери и театарски мајстори, меѓу кои и Марко Трајковиќ, за споредна машка улога, Марија Ветерова за сценографија и Лидија Георгиева за костимографија во модерната Шекспирова комедија „Како што сакате“, со која и се затвори годинешниот фестивал „Денови на комедија“.
Р.П.