Прославете го државниот празник, 11 Октомври, со забава за сите!
Придружете ни се во срцето на градот овој празник на два дена полни со возбуда и забава. Донесете го целото семејство на уличниот фестивал „КуманиУМ“, каде што децата можат да уживаат во забавните атракции и игри.
Вечерта, не ја пропуштајте кумановската гитаријада на која настапуваат Анди, „Паркети“ и „Леб и сол“, додека на 12 октомври, на трибините на спортскиот комплекс Соколана, ве очекува „Арт Атак“ фестивал со стенд-ап настапот на Бојан Велевски и проекција на македонскиот филм „Avec l’amour“.
Дојдете, прославете и направете го овој празник незаборавен! – ве покануваат од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.