Почетна ИНТЕРВЈУ Решивме. Настапуваме на „Макфест 2024“. Кумановско рок решение – The solution

Решивме. Настапуваме на „Макфест 2024“. Кумановско рок решение – The solution

Веќе имаме план и насока на која сакаме да работиме. Имаме уште идеи, нормално во наш стил. Така што, очекувајте уште новитети во поглед на авторска музика од “The Solution” – Филип Стојковски, фронтмен на бендот The solution.

Кој го донесе „решението“ да бидете рок бенд „The solution“?

Решението да биднеме рок бенд не беше донесено од никого, туку едноставно произлезе од природата на самите членови кои ја слушаат и ја почитуваат Rock’n’roll музиката, особено домашниот рок од Македонија и територијата на бивша Југославија.

Luxury Catering Service

Како би го опишале музичкиот стил на бендот во ова шаренило од форматирана музика и кое влијание или поттик би ги издвоиле во досегашното искуство­­?

Моментално бендот плови низ повеќе жанрови, од тип на популарна и рок музика, сè со цел да го задоволи вкусот на сите слушатели и обожаватели на бендот. Како влијание и поттик, пред сè, ќе дадеме предност на нашите родители кои нè усмериле најпрвин да слушаме и да раснеме со квалитетна музика.

Како фронтмен, како се поврзувате со вашата публика за време на настапите во живо и што е клучот за создавање на таа енергетска врска?

Како што спомнав претходно, се трудиме со самиот избор на песните да му дадеме можност на секој слушател да се пронајде во барем една од нив. Потоа, гледаме да оставиме срце на бина со нашите изведби. Имаме и некои рокерски преработки на стари песни, хитови во наш стил.

Младите музичари од градот воглавном не се задоволни со продукциските можности за градење на некоја кариера. Затоа и најчесто завршуваат „тезгарошки“. And the solution for your solution is…

Упорноста и трудот што го даваме нон-стоп е нашето решение. Со новата песна ќе се потрудиме да го докажеме спротивното и да го разбиеме тој стереотип дека кај нас нема можности да се изнесе нешто ново на сцена во ова време на модерна и електронска музика. Со овој чин можеби ќе поттикнеме и други бендови да работат на своја музика и да не се плашат да ја снимат и прикажат пред јавноста.

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ годинава се одржува по 39 пат. Ако се земе предвид падот на рејтингот на фестивалот (особено поради недостатокот на финансиска и медиумска поддршка во последните години), зошто ви беше предизвик да се пријавите со своја песна?

Самиот фестивал до сега оставил многу хитови што и ден денеска се слушаат и многу наши познати изведувачи почнале како дебитанти на самиот фестивал. Така и ние решивме нашата прва песна да го пробие ледот токму на „Макфест“.

Кумановската публика е маанџиска. Повеќе би сакала да ве слуша со свои, авторски песни, отколку со т.н. кавери. Ајде албум, ајде квалитетни, дури алтернативни решенија во музиката!

Веќе имаме план и насока на која сакаме да работиме. Имаме уште идеи, нормално во наш стил. Така што, очекувајте уште новитети во поглед на авторска музика од “The Solution”.