Почетна Вести Важна трибина во ЈЗУ Општа болница Куманово, петок, 24.10.2024г., во 13.30 ч.

Важна трибина во ЈЗУ Општа болница Куманово, петок, 24.10.2024г., во 13.30 ч.

Трибина во ЈЗУ ОБ Куманово за важноста на раното откривање на рак на дојка.

Министерството за здравство во соработка со Национална комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка, Светска здравствена организација, United Nations Population Fund (UNFPA), Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти — „ЕЗРА”, организира октомвриски трибини со посета на јавни здравствени установи низ државата, со цел подигнување на свесноста за важноста на раното откривање на рак на дојка.

Во петок, на 25 октомври 2024 г., со почеток во 13.30 часот, во просториите на ЈЗУ Општа болница Куманово, трибината ќе ја води д-р Маја Јакимовска. Превенирањето на болести се прави токму преку вакви трибини за подигање на свеста. Сите сте поканети.

Luxury Catering Service