Почетна Дневник на Магдалену К. Солунски ражњиќи или лесковачка муќкалица

Солунски ражњиќи или лесковачка муќкалица

22 и 23 октомври

Ѓубре га исфрљисва. Охх, есенски радости! Сви у маалу почнасва да метев пред врата, турисмо и стари тенџериња на улицу сас воду за кучиња, да има Камала по кога да лае…класично дефокусирање ву направисмо од људи у камион за ѓубре, кои она не ги поднаса…па, к’т пуштисва од едну гаражу „Ќе ти викнам свирачи, ќе го сотрам сето вино“, казан чури, мирише на чварке и метил алкохол…Перо Христов за „ниски сталежи“ и педантан заборав на усмрдени канте. Штета што нема дрва за да се направи у паднати листови и фото сесија на овој среќно, непрофитабилно здружение на креативни комшије кои су пресреќни што им проработа јавно предузеќе за однасање на глоту.

„Мало ми за сриќу триба“, дотекна им на помлади да га смени Перу и да гу тури Дорис на репертоар и за малко ќе почнеше кавга. Демек празник македонски, а слушамо странску музику. Неблагодарни, незаветни, незаветени. У т’ј момент поново проваѓа камион на Чистоќу и стопирамо га да им понудимо кафе и евтин жут сок затој што е крај на месец и затој што ни ми немамо рукавице за сопствен конзумерски отпад, а још малко ќе немамо ни за ќесе за ѓубре. На голо све. Директан исцедак у канте од поликолор. Пуштамо Ем Си Хамера, кент тач дис. Зборимо за плату од 500 евра и оговарамо ги Версачета и Самета. Мотамо тутун и загадуемо га додатно кумановски ваздух. Среќни смо како Шабан Бајрамовиќ док гу е пишуваја „Сеќаш ли се Хануме“. Нема га т’ј директор кој може да ни га поквари однос.

Luxury Catering Service

Спонтано се раѓа идеја да се правив солунски ражњиќи за сви. Одма се наслутуе кој преферира лесковачку муќкалицу, а кој е слушнаја за Ивана Хаџи Николовога од Солун. Рузмарин и сенф за маринаду се донасав од неколко куќе, вечна памјат е кој има довољно свинско у замрзивач. Мани тој, па куде га е купија и дали е безбедно за едење откако се открисва преваре. Камион си иде, мафтав ни људи како кој знае к’т да ќе се видимо поново. Носталгија да те фати за инкасатори, ете у такво време живимо. Некој га спомнуе чичо Џему поштара и фалив се чии родитељи по колко му давале бакшиш к’т им гу донасаја пензију. Пин код исти за сви. Ствара се двоумие. Социјалистички шок за социјални случаи. Боље било некад. Тија теме не се отварав к’т се пече ракија и на куќну славу. Или можда б’ш т’к се отварав. Спомнуе се маршалов план и македонски револуционаран комитет. Едно дете од маалу, кое сака да биде историчар евидентно, прашуе невино: „А, кој ви е бија т’ј маршал и зашто га сви зборите још?“. Фати ед’н Которац да му објаснуе, дете ококори очи и реши да му се врати на четвороцик’л. Питање е дали ќе опстои у намеру да учи историју. Празник ни га разубави комшо Вла к’т реши да части ражњиќи. До т’к бесмо сви пијани да га питамо од куде га е купија месо и дали знае кој е бија Христо Татарчев. Муфте од Власи за празник. Да живее братството и единството, да живеат медицинските сестри кои ќе ни дадат инфузија за освежување на колективната меморија!