Право на анонимност (на извор, на сведока) у новинарство е кодекс усвоен још пред Џозеф Пулицер да смисли наслов за свој прв објавен текст. У средине, како што е Куманово, куде што граѓанство се обраќа сас свои муке (не нужно само од комунални или од други јавни предузеќа) на Горилу, е една симпатична појава што само га поткрепуе тој право на анонимност. Али, туј се поставља прашање дали се људи обраќав анонимно затој што се плашив од тога што га критикуев или ипак, повише им е стало до оној наше старо „други што ќе кажев“. А, тија други, коментирав па Боже!
На пост од анонимну жену, која се жали од неваспитани деца у своју маалу, интеракција на публику е невероватна. Преко коментари се стварно гледа колко смо мајтапчие, ама и колко смо махери да дефокусирамо од истински проГлеми. Дали позади коментари на тија што ву саветуев да се врати од куде е дошла (у Липац?!?) стоив уствари родитељи на такви „хиперактивни“ деца – компаративна анализа на социјални мреже топрв треба научно да се занимава. Дали треба да заигра прут и по чие дупе, дали ни нешто турав у амерички батаци што ги кркамо, дали треба да смо среќни што још увек има маалски деца кои правив џагор, макар до 3 сабајле и у радни д’нови? До учителке ли е, до свекрве ли е, до авионски прскања ли е? Да не су можда криви онија дежурни мрчатори на кои све им смета? Оглас: продавам куќа на село, не е во Липац, ама ќе ѝ послужи на госпоѓата од центар, да побегне од градската врева на нашите мили дечиња кои вадат очи на мачки и ги оглувуваат со петарди кучињата скитници.
До туј смо дошле. Ако се употреби фраза „седите мирни, да не бидете модри“, буни се аудиториум кој ај што не смее да им писне на свои деца, за да ужива у сопствену комфор зону, него нема ни појма куде е Липац. Битна е интеракција да се направи, да се посмеемо док ни се деца играв сас ѓубре по станбени улази у ниедно време. Вакво, такво, сељачко, градско – нека пише за све. Уз напомену: слобода на говор постои. Слобода после говор е малко позаебана работа.