Во наше Куманово приказна стара,
корупцијата се надви к’о зла карма.
Инспектор фатен со поткуп в рака,
за четири илјади евра, толку му било мака.
Народот веќе не се ни шокира,
само чита кој каков изговор ќе пласира.
Некои го обвинуваат градоначалникот смело,
што такви луѓе поставил со портмоне дебело.
“Само четири илјади? Е, толку му вреди,”
со потсмев и гнев од секаде следи.
Желба за моќ и слава на кратко,
образот се губи глатко.
Наше Куманово приказна носи,
Се појавил Робин Худ со маска на горила,
ама нема меѓу кои дрвја да се крие,
па решава на фејсбук гнездо да свие.
За правдина на обесправени тој станува глас,
Горила е надеж, светлина и спас.
Нечесни раководни лица треперат, страв ги јаде,
Горила ги прашува, „Зошто крадете од народ кога позициите народот ви ги даде?“
А, веќе се шири глас дека е ставен на „игнор“,
откако направи паралела со еден моќен семафор.
Мрзливоста е еден од најголемите гревови,
мрзлив не е, пак за викенд прашува кај се некои од мозаикот наш делови.
Оние за мерни станици, за воздухот што го дишеме,
барем за тоа што ни следува бесплатно, треба вака да пишеме.