Ванземаљац (41)
Седу, пијуцкам си жуту и там’н да почну у мисли да гу истражују анатомију на моју омиљену кумановску женку, к’т – на астал до мене слушам двоица мужјаци. Цирка 40 годишњаци, „професори“ у едну од локални школе (што закључују од разговор кој мои прекрасни уши не може да не га чуев). Разговарав си за тој како гу користив „вештачку интелигенцију“ у припрему за наставу.
„Супер ми е тој“ – вика прв – „Укуцам ти ја: треба да обработу тему за овија мои првоодделенци – „Улога на политички партије у модернизацију на образован систем“.
„Е, тој ти е изванредна тема за пред избори…“ – вика друг.
„Да бе. Одма да ги припремимо деца, док још не мислив“ – вика прв.
„Што напиша „интелигенција“? – прашуе друг.
Прв вади лист и чита: 1.Политичките партии како креатори на образовната политика: Политичките партии имаат способност да ја обликуваат образовната политика преку донесување закони и буџетски одлуки. Во демократските општества, политичките партии претставуваат различни идеологии и вредности кои ги одразуваат нивните конституенти. Така, различни страни може да имаат различни приоритети во однос на образованието: некои ја нагласуваат важноста на науката и технологијата, други се фокусираат на развојот на граѓанските вредности, додека трети инсистираат на традиционалните пристапи кон образованието. Во рамките на својот мандат, партиите ја обликуваат образовната политика според нивната визија, што може да резултира со значителни промени во образовниот систем.“’
„Ти тачан ли си?“ – прашуе друг и продужуе – „Не им га ваљда тој прочита? Ќе се збунив деца, да си ебеш век. Какви различити идеологије и вредности?!? Наука и технологија?!? Лелеее…“’
„Наравно дека не сам прочитаја“ – одговара прв – А, пази овој: 2. Реформите на образовниот систем како инструменти на модернизација: Модернизацијата на образованието значи адаптирање на наставните програми, воведување нови технологии во училниците, како и промена на наставните методи и вреднување на знаењето.”‘
Погледнев се и прснев да се смеев – „Муахахахаха, воведување нови технологии во училниците, ахахахахаааа, промена на наставните методи, ахахахааааа, вреднување на знаењето.’
„Еееј, чекај, чекај, има још…“ – вика прв, исцерен: 3. Предизвици на политичкото вклучување во образовната политика: Политичката вклученост во образовниот систем, сепак, може да донесе и предизвици. Еден од главните проблеми е политичката поларизација, која може да предизвика образовната политика да стане заложник на партиските интереси. Исто така, политизацијата на образовниот систем може да ги спречи образовните експерти слободно и објективно да носат одлуки кои се во најдобар интерес на учениците, бидејќи тие треба да се приспособат на политичките очекувања.“’
„Еехехеххехе муахахахаха“ – скоро да се гуши од смејање друг – „Ај престани, мајку ти, ќе се обесвесту од смешке…“
„Чек, чек малце“ – смее се прв – „Пази овој, за инклузивност, да ти ебу инклузиву…Вика: „Политичките партии исто така играат клучна улога во промовирањето на инклузивноста во образованието. Тие често се иницијатори на политики кои поддржуваат еднакви можности за сите студенти, без разлика на нивното социјално, економско или културно потекло.“
Друг брише с’лзе, удара сас главу на астал, не може да диши од смешке.
Прв продужуе искезен: „Пази, иде главно: „Политичката поддршка за овие реформи е од клучно значење бидејќи бара распределба на значителни средства за адаптација на училиштата и обука на наставниците. Преку различни иницијативи, партиите можат да поддржат создавање на безбедна и стимулативна средина за сите ученици, со што ќе придонесат за развој на социјалната кохезија и еднаквост“.
„Ам’н, престани“ – одвај изговара друг од кикотење – „Социјалната кохезија и еднаквост… Лелее, ќе ме утепа на место тај твоја вештачка интелигенција, муахахаха! Скоро како покачење на плату! Ахахахахахахах!!!“
И ваљав се они двоица од смешке још неколко минута. Потегнев гу ракију и продужив даље, смејајќи се. Вероватно да ги учив деца на „вештачку интелигенцију“, а не за „улогу на политички партије…“ Бар се надам.
Понекад, али само понекад, замерам ву на еволуцију што ми има поклонето так’в слух. Зашто, ете, чују земаљски идиотарије у момент (опишан у прву реченицу), момент што ми е увек волшебан. Па ондак га успоредују тој што ќе чују сас стање на моју планету…Ми одамна имамо раскрстено сас вештачку интелигенцију, знаете. Још у време к’т Суси (знаете га тога лика од ед’н од претходни постови) гу доби прву таблу од чоколаду. А, доби гу и затој што нѐ подучи, заправо, потсети на важност на нашу природну, од Створитеља дадену интелигенцију. Чак што више, и емоционалну интелигенцију. И т’ј д’н исчезнасва сви политички партије. Аха. И групе од интерес, што ви дојде на исто. И паре, нека се и тој знае. Деца, ученици, студенти – постанасва приоритет, а не фигуре на „невидљиви“ шаховски табле. Не само у школе и академије, него и у сопствену фамилију. „Вештачка“ интелигенција постана алат како шрафцигер и интелигентно гу користив интелигентни – не људи, него – ванземаљци.
Знам дека на овуј луду планету постои и доста стра од вештачку интелигенцију. Нормално, затој што треба да пројде још бајаги еволуција. На Куманово му е, како ми изгледа, и тој тема за исмевање. Што е, да закључу, изврсан корак напред. Само што никако да сфату – у кој правац.
Продужуе…