Понеделник, 4 ноември
Камала гу нема нешто да лае. Или залади, па не гу чуемо толко, хибернација ни почна. „Затварајте врата; едење од ичера е на терасу; татко ви га испија и рум за у колачи да се згрее…“. Фејсбук пост што га разведри д’н беше: И тебе сам сит кампањо – Камала Харис Џиновиќ.
Вторник, 5 ноември
У Кину почнала да се гради фабрика за летеќи автомобили. Ми ги још правимо мал плоштад, спортску салу и Соколану.
Среда, 6 ноември
Вучиќ отиде хитно за Нови Сад да им се обрати на демонстранти, али не у живо, него на ТВ. И после, Сергеј Трифуновиќ бија нетачан. Куде нас се одликуев сас ордени од МПЦ мафијаши. И после, Груевски бија нетачан што еде суши.
Четвртак, 7 ноември
Куманово ги брои д’нови до „мега концерт“ по повод празник „11 Ноември“. Брои ги и разболени од бронхит због кочан салу на Центар за културу. Стенд-ап вечер на млади, неоткриени комичари се очекуе да биде традиционалан. Али, од догодине, да се организира у мај. Па ми текна на летеќи авта. И на „катну гаражу“ до културан дом. Колко су само визионери наши градски власти! Па, тај гаража е за летеќи авта била предвидена!
Петак, 8 ноември
Среќна слава. Не забрављајте, у листу на снижени цене, за цели пет посто, на Бранетов флаер за промоцију на владини мерке, како да ги виде и гра и рибе и компири. Моли се христијанско граѓанство да ги стави одма на страну заштедени паре и да си купи од њиима по ед’н сувенир од новоотворену сувенирницу. Да им прати на деца по странство.