Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР Прашање без одговор, саботажа на една рубрика

Прашање без одговор, саботажа на една рубрика

Плоштад: Г-дине Арангеловски, редакцијата на Плоштад ја интересира дали и Вам, како учесник на концертот по повод „11 Ноември“ Ви следува хонорар за настапот, и доколку е потврден одговорот, може ли да споделите со јавноста во која висина би бил. Исто така, во случај да се работи за „pro bono“, нè интересира како тоа се ставивте сам себеси во програмата, со оглед дека ја извршувате функцијата директор на Фондација за спорт и култура?

Прашањето беше поставено на 8 ноември во 10 ч. и 14 мин. локално кумановско време, на e-mail даден од г-дин Арангеловски како контакт за медиуми.

Марио Арангеловски, директор на Фондација за култура и спорт:

До овој момент, 11 ноември, 12 ч., редакцијата на „Плоштад“ не доби одговор.

Luxury Catering Service

505 причини да продолжиме да прашуваме, уште повеќе, да инсистираме на одговори. Без анкети. Само трунка одговорност од носителите на јавни функции и нивниот однос кон медиумите, односно кон граѓаните на Куманово.

Редакцијата на порталот Плоштад во иднина на секое легитимно поставено прашање на кое не добива одговор е со намера јавно да го обзнанува ваквиот игнорантски однос од „секој еден“ кој се дрзнува да чува како тајна нешто што е „народно гајле“.

Р.П.