Почетна ИНСАЈДЕР Поглед од страна

Поглед од страна

МАГА победа = крај на ЕУ?

Па, и тоа беше нешто. Мислев дека Трамп ќе победи прилично лесно, но не со историски огромна разлика. Тој сега влегува во Белата куќа со мандат од американскиот народ. Повеќето луѓе кои само набљудуваат (вклучувајќи ме и мене) не можеа да ја погодат ваквата победа. Да се надеваме дека длабоката држава во САД ќе мора да ги задржи нивните планови за доминација по таков пресврт на нивните агенди, или уште подобро тие ќе бидат целосно уништени и брзо отстранети под закрилата на МАГА.

Дел од мандатот за Трамп ќе биде ставање крај на војните што беснеат во моментов. Ќе видиме како Блискиот Исток ќе биде трогнат, ако воопшто такво нешто се случи. Трамп сепак е цврст поддржувач на Израел. Меѓутоа, војната во Украина би требало да заврши порано отколку подоцна. Верувам дека војната ќе беше завршена до летото без оглед на победникот во САД. Русија почнува да се тркала низ Украина. Украинската војска навидум е деморализирана. И да бидеме искрени, цело време се знаеше крајниот исход. Само неколку месеци пред војната,

Luxury Catering Service

Украина беше исмејувана како најкорумпираната земја во Европа и имаше нацистички проблем. Ќе го оставиме тоа на една страна, иако би ми било тешко да замислам некоја земја денес да може да ги надмине овие пречки.

Дури и ако овие проблеми не беа присутни, Украина никогаш не би можела да ја победи Русија без голема странска интервенција. Логистиката и демографијата на Русија и Украина се толку испреплетени, што дури и во 90-тите кога Русија беше на колена, тие ќе победеа. Денешната Русија е далеку од онаа од пред 30 години. Тие се технолошки понапредни со нивната способност за беспилотни летала, капацитетот за минофрлачки и артилериски гранати и уште поважно со хиперсонична ракетна технологија на која никој нема одговор. Сепак, и покрај сите овие докази и повеќе од тоа, западните „лидери“ мислеа (и мислат) дека можат да ѝ ја скршат кичмата на Русија. Најмалиот заеднички содржател за овие „лидери“ беше дека Русија ќе експлодира затоа што мислеа дека народот на Русија нема да може да ги поднесе санкциите и да биде отсечен од земјите од Г7. Тие се понадеваа дури и дека ќе ја балканизираат Русија, претворајќи ја во банкомат на руските ресурси и продолжувајќи го својот глобален поход.

И, сега, што се случи? Па, токму спротивното. Руската економија работи толку добро што нивната централна банка мораше да ги зголеми каматните стапки за да се обиде да ја забави. Германија, моторот на ЕУ, се деиндустријализираше. За прв пат, Volkswagen ќе мора да затвори некои од нивните погони за производство на автомобили. Неколку часа по победата на Трамп, Владата на Германија се распадна. Речиси сите други земји на ЕУ се во или блиску до рецесија. Се обложија на „проектот Украина“, Зеленски, Бајден и потоа Харис. Преку сопствената неверојатна надменост и недостаток на лидерство, тие сега немаат кредибилитет на светската сцена. Нивните различни колонии во Африка им го вртат грбот или целосно ги протеруваат. Тие ги налутија Кинезите и Индија мислејќи дека би можеле да им диктираат сенешто. И сега, САД под Трамп ќе им го свртат грбот. ЕУ сега нема што да му понуди на остатокот од светот. Европа сега ќе стане убав музеј за остатокот од светот што ќе дојде и ќе го види (освен деловите каде што капитулираа пред мигрантите, што е видливо беззаконие). Ќе стане „задња рупа на свирали“ на светската сцена. Во ред е ако не ми верувате, но запрашајте се една работа. Што друго има да понуди Европа? Западот не прави ништо повеќе од извлекување богатство од поголемиот дел од остатокот од светот, веќе стотици години. На глобалното мнозинство, наречете го глобалниот југ БРИКС,  му се смачи од тоа.

Како и да е, САД под Трамп најверојатно ќе пристапи неинтервенционистички. Американците сè уште имаат иновации, големо население и природни ресурси за да се вратат од ова самонаметнато самоубиство на кое западот одлучи да се впушти. Што ќе направат ЕУ и Европа во целина? Ќе се распушти. Брегзит беше првата стрела на лакот. Веќе со години има повици за излез и на Италија. Населението во Европа се изјаснува едно по друго. Некои остануваат на власт само поради политички галами, но тоа не е одржливо. Источниот блок на ЕУ грубо ги отфрла нивните мандати за масовна миграција. ЕУ продолжува да ги казнува, осудува и демонизира лидерите на источниот блок. Колку повеќе го прават тоа, толку повеќе ќе се дистанцираат сè додека се изгуби и последната причина да останат во ЕУ како целина. Орбан особено го презеде водството во неговата осуда на ЕУ и нивните многубројни политички неуспеси. Со очигледниот и евентуален пад на целиот украински дебакл, тој и другите лидери на источниот блок ќе бидат единствените со кредибилитет. Тие се и единствените земји во Европа кои економски ја држат главата над вода.

Европа сега нема да има друг избор освен да иновира, а иновацијата ќе треба да потекнува од сопственото суверено размислување. Секоја земја ќе биде принудена да одлучи што е најдобро за себе.

Ве оставам со прашањето: Зошто и дали Македонија продолжува да притиска за понатамошни врски и интеграција во „фирма“ што пропаѓа? Како што повеќе земји во ЕУ почнуваат да се грижат за сопствените интереси, така и Македонија МОРА да го стори истото. Така барем изгледа од перспективата на еден „западњак“ кој живее тука.

 

Авторот познат на редакцијата