Почетна Спорт Газменд Исеини – синоним за успешен тренер

Газменд Исеини – синоним за успешен тренер

Газменд Исеини –  во моментов најуспешниот спортски тренер во Куманово

Со резултатите кои што Газменд  Исеини ги постигна како тренер на футсал екипата на „МКК Форца“, овој врвен познавач на фудбалот годинава освои дупла круна, односно ги освои и државното првенство и Купот на Македонија, а со тоа автоматски стана и нашиот најдобар спортски тренер, во градот и државата.

Иако тренерот Исеини по години е сѐ уште релативно млад за улогата на фудбалски тренер, тој за еден многу краток временски период, со својата визија и со своето фудбалско знаење како тренер, успеа да постигне голем успех, каков што оваа година немаат постигнато ниту нашите еминентни, односно најкавалитетни домашни тренери.

Luxury Catering Service

Со освојувањето на шампионската титула во футсал лигата на Македонија, Газменд со својата екипа „МКК Форца“ автоматски обезбеди и пласман во лигата на шампионите на Европа, каде што неодамна настапи на силниот турнир во Белград, во конкуренција на четири екипи, меѓу кои и екипите на домаќинот Србија, екипата на „ФОН Бањица“, како и шампионите на Холандија – „Роермонд“  и на Летонија – екипата на „Рига“.

Инаку, на турнирот во Белград првото место го освои екипата на „Рига“ од Летонија, со што обезбеди натамошен пласман во лигата на шампионите, а за која како екипа, освен по квалитетот на својот состав во кој што настапуваат и петмина квалитетни бразилски интернационалци, карактеристично е и тоа што за настап во футсал лигата има неверојатно голем финансиски буџет.

Што се однесува пак до настапот на нашата екипа во лигата на шампионите, и покрај лошиот резултат на турнирот во Белград, сепак за фудбалерите останува бенефитот за стекнување на едно меѓународно искуство повеќе, кое што секако дека многу ќе значи за „Форца“, за идните настапи.

Било како било, нашиот тренер, Газменд Исеини, со резултатот што го постигна оваа година со футсал екипата на „МКК Форца“, освојувајќи дупла круна во домашното првенство, односно првенството и купот на Македонија, уште сега може да го прогласиме  за тренер на годината во нашиот град. Форца Газменд, форца футсал, напред Куманово!

Т.Д.