Почетна Вести 85 години од издавањето на Бели Мугри од Кочо Рацин

85 години од издавањето на Бели Мугри од Кочо Рацин

Во понеделник, на 25 ноември, во 18 часот, во Занаетчиски дом Куманово ќе се одржи поетско читање по повод 85 години од издавањето на збирката песни „Бели мугри“ на основоположникот на современата македонска поезија – Коста Солев Рацин.

„Бели Мугри” е меѓу првите стихозбирки напишани на македонски јазик, составена е од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни). Испечатена е во Самобор, во близина на Загреб, во 1939 година. При објавувањето на збирката, Коста Солев го користи псевдонимот „К. Рацин”, пред сѐ поради политички причини, но и поради љубовта кон Раца за којашто пишувал со крв. Песните се социјални, алудирајќи на отуѓеноста, експлоатацијата и страданијата на работникот. Од друга страна, самиот наслов укажува на поборноста и револуционерноста на Рацин кој низ мачнината на стиховите вдахнува надеж за посветли утра. Оваа збирка, како начело и парадигма, ја претставува македонската суштина, историја и култура.

Банки дигнаа палати

Luxury Catering Service

распнаа мрежи широки,

банки дигнаа палати

и кули танки, високи:

нагоре кула висока

надолу земjа длабока.

Од сичко носат кајмакот

од потта цедат го сокот,

од сичко носат кајмакот

маката нам оставаат!

Банки дигнаа палати,

банки на нови имами,

кондури друзи коваат

с мотики гроб ни копаат –

паjдоса, златен, ‘рѓоса

нашиот чесен занает!

Човекот во Рациновата поезија се наоѓа најдлабоко и најшироко, затоа што ако само го отвориме срцето, таму е љубовта кон човекот, но човекот на иднината. Бидете луѓе на иднината, дојдете на 25 ноември во 18 ч., во Занаетчискиот дом – да ја развиеме естетската мисла во чест на овој великан и да ја доживееме неговата поетска слика, оти тоа е сликата на новата стварност.

Р.П.

https://www.facebook.com/share/15eQTvu9Q7/