Куманово, новембарска суснежица, или што би кажале на некои портали – малко сл’нце, малко облаци, углавном ѕибрик. Возу на булевар „III МУБ“ и мислу си зашто гу купи прженицу. За тија паре можеше да купу мељано месо и бар четири ручка да истерамо. Не ми е јасно како терав људи од дваести до први. Возу пажљиво, не би могаја да поднесу још и казну. Навикнасмо се веќ дека семафори работив наизменично, погодија сам га па д’н к’т не работив. Некои зебре су видљиви, некои се наслутуев. Тој не ми е никад било проблем. Знам си га наше Куманово много добро и без сигнализацију. Баба ми е била од Велешки сокак.
Јавља ми се кум, стављам га на спикер, зашто се приближују до ед’н од грандиозни кружни токови. Не издржа, мораше да му кажу дека имамо прженицу за мезе, а он да обезбеди пиење за вечер. Деца добивале бубуљице од мрсно, а онај моја е на чиа пудинг и нудле. Мрзи гу да исчисти кило спанаќ, камоли чварке да спржи.
И док ми кум кажуе новости дека новопоставен директор на Музеј не гу прифатија функцију, затој што е у облик на в.д. и затој што тој место е обеќано на „Влен“, па неќе паметан човек да биде само „прелаз“ на политички структуре, од ед’н пут на пешачки од онија жбуњеви тики изрипи ед’н батко и без да погледне претрча га булеварат. Ја кочу, он пцуе. Кум доби киселину без да гу окуси прженицу. Али, ја се уплаши. Не ми се дешава прв пут такој од тија хризантеме, ебу ли ги како се викав, да се само појави пешак и да се укопа пред моју Алфу ромео што е на издисај.
Можеше да га повреду човека сас 30 на сат због непланско засадување на ниско грмље по град. Стискам он’ј волан док ми од леву страну проваѓав пејзажи од зимзелени непоткастрени растенија и си викам дека мора да ги предупреду деца да не проваѓав на пешачки куде што обраснале бршљани. Не смо криви ни ми шофери што пешаци искачав како некои библиски бестрашни суштества од њини сенке, како херувими кои ги чував порте на Еден, смело рипајќи пред возила. Кој вози по Куманово е како Мојсеј, разделуе га асфалтирано море од шахте и моли се да не удри у неверници. Свак градоначалник е на божемски овчар на наше урбано стадо. Наш конкретно е Ное, он обезбедуе да преживив растителни видови – не у арку, него покрај пешачки премини. А, Совет се само труди да не се удави у голему поплаву на погрешно поставени приоритети.
Вечер сас кума ќе гу отвору тему дали градски власти гу тестирав такој нашу веру или наши рефлекси. Све док не се појавив маказе за кастрење на здрав разум, главни улице ќе ни останев место за киклопи, еднооки митски биќа кои живив изолирано, без општински правила, али к’т одлучив да пројдев преко кумановски булевари – т’к га понесев Посејдонов мач и га уперив накуде авта кои носив свинско за мезе. Свети Архангеле Михаеле, на помоќ на сви, па и на нас шофери и пешаци и лепрекони и гоблини и горгони. На помоќ на сви директори, модерни Мерлини, кои плетев мрежу од зеленило по Куманово, на погрешни места, на штету на граѓани и на сви кои не користив бесплатан јаван превоз, нарочито на онија кои возив половну Алфу.
Авторот познат на редакцијата