Од фрагментите на својата фантазија тој ја состави својата азбука. Од уметничкиот жар ја потпали секоја буква. Од талентот, добродушноста и љубовта му даде смисла на секој слог. Роден за сцена, за ликовно творештво и градска култура – професор по ликовна уметност со силна аура – Александар Стефановски
А
Амбициозност на сите полиња и пракси
Б
Блажен мојот наследник во уметноста
В
Восприемање на вистината, каква и да е
Г
Гордост во професијата професор
Д
Добар, добродушен, доблест од која понекогаш си патам
Ѓ
Ѓердан од идеи за следни предизвици и проекти
Е
Емпатија. Емоција, елеганција и енергија
Ж
Живот, да го цениме максимално, нема реприза
З
Златно правило: Многу е лесно да си лош, многу потешко е да си добар
Ѕ
Ѕвездите на ноќното небо и по некоја ѕуница во утрата
И
Истрајност и искреност
Ј
Јасен (омиленото дрво), дали сум јасен?
К
Кариера во уметнста (се трудам, споро ама сигурно)
Л
Ликовни колонии, запознавање на уметници од различни држави и култури
Љ
Љубов во сè што го работам
М
Мислата чиста, молитвата бистра
Н
Навигатор во новото време, неуморен за креативни предизвици
Њ
Њух (да се има интуиција, каде, што, како?)
О
Огнен, мојата елегантна емоција
П
Педагогија, психологија, и да се прекине со предрасудите
Р
Распеано детство (дружење со дечиња пеачи како водител на фестивалот)
С
Семејство, да си го чуваме и негуваме, со многу спокој
Т
Театар (неостварена желба, но се снаоѓам кога сум на сцена)
Ќ
Ќеф (ако сам не си го направиш, никој нема)
У
Уметност, начин на живот и начин на изразување и комуникација
Ф
Фросина, љубовта на мојот живот
Х
Хармонија во жонглирањето со кариерата и семејството
Ц
Цутење на идејата (момент пред да се почне белото чисто платно)
Ч
Човек, да се биде и да се остане човек
Џ
Џабе извини, ако е скршен џамот и излетаат сите џивџани
Ш
Шега, вкусна, смешна и на вистинското место