Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР Едно прашање – еден одговор со Едмонд Љатифи

Едно прашање – еден одговор со Едмонд Љатифи

Плоштад: Како кумановец од староградско албанско семејство, кој живее и работи во Сент Гален, Швајцарија, како ја оценувате прославата за Денот на знамето на Вашите сограѓани и дали имаше слична прослава во Швајцарија?

Едмонд Љатифи, професор по англиска литература и преведувач, филолог:

Проблемот е стар и, се чини, нерешлив. Се вика сиромаштија. Кога нема пари и развиена економија, тогаш има само политика и ширење на лажен патриотизам, без оглед од која страна доаѓа. Празници се ближат, касите се полнат од народни пари, ги празнат политичарите, а народот пати. Јас живеам и работам во Сент Гален токму поради тоа што ми се смачи од таков патриотизам и политикантство и од врзувањето крај со крај. Тука се одржуваат разно-разни прослави, по секакви поводи, но да ви кажам право никој не обрнува внимание. Веројатно затоа што не се прават помпезно и никој не навредува никого. Живееме како во некоја симултанка, работиме, добро сме платени за сработеното, имаме услови да се преквалификуваме, да ни се вреднува трудот. Се вее знамето на работничката класа. Можеби толку треба за среќа.

Luxury Catering Service