Почетна Вести Куманово – ринг за мафијашки пресметки

Куманово – ринг за мафијашки пресметки

Завчера вечерта во Куманово беа запалени три возила и еден објект, моментот го искористија етничките трибалистички партии од албанскиот блок да градат некаква приказна за етнички немири, тензии и антиалбански сентименти. За какви антиалбански сентименти зборуваме покрај безредието кое владееше за време на прославата на „албанското знаме“?!?

Треба да се запрашаме кому највеќе одговараат вакви провокации? На сиромашниот Македонец и Албанец, кој едвај минува месец со својата плата, сигурно не!

ДПМНЕ и ЗНАМ, кои се однесуваат како државниот апарат да не е во нивни раце, целосно потфрлија во целата настаната ситуација. Празните осудувања од страна на ДПМНЕ и ЗНАМ и празните флоскули од страна на МВР дека ситуацијата е под контрола, на народот не му вредат ништо кога гледаат дека ситуацијата на терен не е воопшто таква!

Три децении ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивни пипци како ЗНАМ и ВРЕДИ сметаат дека Македонија е нивни плен, па ако не се задоволни од украденото, мафијашки се пресметуваат.

Luxury Catering Service

Народот многу брзо ќе ги пречкрта мафијашките дувла вгнездени во ДПМНЕ, СДС, ЗНАМ, ДУИ и ВРЕДИ и ќе избере сенародна власт што ќе ја извлече Македонија од дното.

#Левица порачува до владеачката гарнитура дека ако тие не се спремни да водат држава, има кој!

Софија Милошевска