Почетна Вести Куманово е домаќин на Erasmus+ програмата оваа седмица

Куманово е домаќин на Erasmus+ програмата оваа седмица

Врз основа на меморандум за соработка помеѓу здружението „Психосвет“ и ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово, активностите се спроведуваат во просториите на училиштетето.

 

Неделава нашиот град е домаќин на гости од Италија, Шпанија и Романија, учесници во проектот од Erasmus+ програмата со наслов: „DEVELOPMENT OF SKILLS FOR INCLUSION AND SOCIAL ENTREPRENEURSHIP“.

Luxury Catering Service

Како дел од проектот е предвидена мобилност во Северна Македонија во период од 20.1.2025 – 24.1.2025, организирана преку еден од партнерите на проектот, а тоа е Здружението за психологија, психотерапија и коучинг – „Психосвет“ од Куманово.

Тема на тековната мобилност е „Обновливи извори на енергија во претприемништво“ (Renewable energies for Entrepreneurship) и во истата учествуваат наставници и ученици од средни и основни училишта од Македонија, Романија, Шпанија и Италија.

Цели на мобилноста во РСМ се:

  • Преку практични активности да се прикажат ефектите од климатските промени врз нашите животи и како истите да ги ублажиме со употреба на обновливи енергии.
  • Да се ​​развие креативноста и претприемачкиот дух кај учениците, преку создавање и снимање на краткиот филм „млади претприемачи“.
  • Да се ​​промовираат обновливите извори на енергија преку дизајнирање и производство на соларни светилки кои ќе можат да се користат на тераси во домаќинствата.

Врз основа на меморандум за соработка помеѓу здружението „Психосвет“ и ООУ „Толи Зордумис“ Куманово активностите се спроведуваат во просториите на училиштетето, а планирана е организарана посета на знаменитости во нашиот град, Скопје и Охрид.

Свеченото отварање на проектот беше на 20.1.2025 од страна на  Драгица Стаменковиќ, претседател на „Психосвет“, директорот на ООУ „Толи Зордумис“ – Дејан Младеновски и останатите членови, а топло добредојде упати и претседателката на Совет на општина Куманово – Ивана Ѓорѓиевска.