На првата седница на Извршниот одбор на ОО СДСМ Куманово една од точките на дневниот ред беше и избор на секретар на општинската организација. За секретар беше избрана Соња Тодоровска. Соња Тодоровска е долгогодишен член на СДСМ и низ годините има извршувано повеќе функции во партијата како што се: кординатор на Форум на жени на ОО СДСМ Куманово, член на Централен одбор, член на ИО на Форум на жени, регионален координатор за ИЕ2 на Форум на жени, а сега е избрана за секретар на општинската организација откако на Конференцијата за избор на тела беше избрана за член на ИО на општинската организација. Еден мандат беше советник СДСМ во Советот на општина Куманово, како и помошник директор во СОУ „Гимназија Гоце Делчев“.
Соња Тодоровска работи како професорка по македонски јазик и литература во СОУ Гимназија Гоце Делчев.
ОО СДСМ Куманово