Почетна Вести 81 ГОДИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

81 ГОДИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

Делегација на Левица ЛО Куманово, предводена од советникот во Советот на Општина Куманово, Никола Лазаревски, положи свежо цвеќе пред Спомен плочата во село Жегљане.

Третата македонска ударна бригада била формирана во село Жегљане, Кумановско, на 26 февруари 1944 година, составена од три батаљони: кумановскиот, „Јордан Николов – Орце“ кој е формиран во 1943 година во чеса на загинатиот командат, на 20 февруари 1944 година се формира батаљонот „Христијан Тодоровски – Карпош“ и третиот батаљон е преспанско-битолскиот „Стив Наумов“.

Бригадата составена во голем дел од борци од кумановскиот крај, учествувала во разбивање на Вардаскиот четнички корпус, во заробувања на бугарски фашисти, во Пролетната офанзива (25 април – 20 јуни), во разбивање на бугарски упоришта на североистокот и имала значајна улога во обезбедувањето на работата на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ (2 август).

Улогата која Третата македонска ударна бригада ја игра во ослободувањето на Македонија и на Југославија е клучна и таа е производот на кумановскиот борбен и слободарски дух.

Luxury Catering Service

Од Маршот на Третата македонска бригада „Ко челик сме ние“, чиј автор и композитор, Ацо Шопов и Панче Пешев, се припадници на 3-та МУБ, ги издвојуваме следните инспирирачки стихови:

„„В крвавиот Дренак и Пелинце славно
ќе треперат врагои ко исушен лист
со здружени сили окови ќе пукнат
ќе изгрее бргу ден светол и чист!“

Вечна им слава на борците!