Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на ЈП...

Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на ЈП „Водовод“ Куманово

По повод разните шпекулации за скандалот во ЈП Водовод од директорот Оливер Стојмановски побаравме изјава. Неговата изјава, во форма на соопштение, ја пренесуваме во целост

„При вршење на редовен попис за 2024 година констатирано е несовпаѓање на сметководствена документација во Главна благајна на ЈП „Водовод“ Куманово. Случајот е пријавен во Оддел за економски криминал на СВР Куманово и на инспекторите им е кажано дека им е овозможен целосен пристап до финансиската документација на ЈП „Водовод“ Куманово, и дека стоиме на располагање за какви било дополнителни информации и податоци.

Во интерес на јавноста, поради големиот број на шпекулации и дезинформации кои се појавија во јавноста, прво би сакале со сигурност да наведеме дека не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на ЈП „Водовод“ Куманово, односно сите платени сметки се раздолжени како платени во системот за наплата.

Luxury Catering Service

Во однос на износот за кој е оштетено ЈП „Водовод“ Куманово, од наша страна се врши детална проверка на благајната и износот кој недостасува. Ја известуваме јавноста дека станува збор за значително понизок износ од износите со кои се шпекулира, но фактичкиот износ не можеме да го споделуваме со јавноста со оглед дека истрагата е во тек.“

Р.П.