Професор Пол Булок од Факултетот за бизнис и право од Универзитет Метрополитен – Лондон, неодамна беше во посета на Македонија, по повод церемонијата на доделување на дипломите на студенти на истоимениот факултет во Куманово и Скопје, попознат и како Еуроколеџ.
На младите дипломци и магистранти, кои се полни со знаење и ентузијазам за работа, тој им порачува својата иднина да ја проектираат во својата земја.
Во неколку црти кажано, дали сте задоволен од церемонијата која се одржа во хотел „Мериот“, по повод вашите дипломци и што очекувате од нив во иднина?
– Секако дека сум одушевен што присуствував на таа вечер. Доаѓам повеќе пати овде, бидејќи сум посредник помеѓу универзитетот Лондон Метрополитен од Лондон и Еуро колеџот. Навистина е задоволство да се сретнам со многу студенти и вработените кои се во екипата и импресиониран сум од нашите дискусии. Тие овде имаат можност да студираат на насоките бизнис администрација, меѓународни настани и туризам, како и компјутерско вмрежување и сајбер безбедност. Што се однесува до церемонијата мислам дека дипломираа 34 студенти на различни смерови, но веќе многумина од нив работат на далечни места и затоа не можеа да присуствуваат лично. Таа вечер имавме само 21, 22 студенти кои лично ги зедоа своите дипломи и сигурен сум дека тие се многу среќни што беа со нивните семејства, кои можат да ги поддржат. Ние ја препознаваме важноста на семејството и се разбира студентите овде не мора да плаќаат многу повеќе пари за студирање во Лондон или САД. Значи им обезбедуваме нешто овде, на самото место, што е многу добра политика за тие да можат да останат дома, да можат да бидат со своите семејства и да не мора да бидат разделени, а да не треба и да ја губат својата работа. Овде се одвива навистина позитивен процес и секако се надеваме дека ќе продолжиме. Универзитет прави напори да привлече уште повеќе студенти, затоа што Македонија е многу добро место.
Некои од студентите и дипломците веќе се иселиле од оваа земја и работат некаде во светот. Дали мислите дека е подобро решение да се замине, или?
– Не е точно. Јас сум Британец, но сум многу интернационален и сега имам приговори од студенти кои заминуваат во странство на престој една, две или три години, или одат со години на работа… Но, една од причините за постоењето на Лондонскиот Метрополитен Универзитет е да ја поддржат и работа на нивните партнери, и со тоа се обидуваме да помогнеме на локалната економија, да ги задржиме овие млади луѓе во земјата каде што тие се родени и тука да си продолжат со работа. Нема ништо полошо од тоа земјата да се испразни. И, се разбира, на тој начин ќе се развива и самата земја, бидејќи нејзината можност е тука. Овде има прекрасна селска средина, фантастична храна, ова е место кое може да се развие на многу разни начини. Ние се обидуваме да го направиме тоа.
Рековте ова не ви е прво доаѓање…
– О, не, не, не. Ова е мојата прва церемонија, досега се одржани сѐ на сѐ три такви церемонии. Дојдов овде кога ги потпишавме договорите за основање на училиштето, дојдов овде за преговори, па за градење на зградата, за разговор со тимот… Се разбира, тоа е процес пред да можеме да понудиме ваков аранжман…така што овде сум од почетокот со колеџот и доаѓам многу пати низ годините и секој пат наоѓам дека особено храната е фантастична, навистина е убава.
Што претпочитате како храна?
– Тоа е многу тешко прашање, исто како да прашате што преферираме во музиката, така што не можете да го направите тоа бидејќи има премногу работи што треба да ги преферирате, но јас вкусив прекрасно сирење.
Кој е Вашиот предмет како професор?
– Мојaтa прва диплома е по економија, но потоа бев заинтересиран за интернационални релации и отидов на студии во Соединетите Американски Држави, кога завршив се вратив во Англија за да се здобијам со студии по политичко однесување и потоа ја изучував индустриската социологија. Со мојот потенцијал логично беше да бидам во академија, но одлучив да работам во приватен сектор, бев директор во едно приватно училиште за бизнис во Англија, работев и во огласување, во консалтинг бизниси, а сега и на Универзитетот.
Моето последно прашање е која е вашата општа порака до студентите?
– За студентите? Работете напорно, верувајте во себе и бидете среќни.
Валентина Ѓоргиевска Парго